Далекусежни последици од недостатокот на фолна киселина во раната бременост

Земањето фолна киселина во бременоста, може да ги спречи проблемите во однесувањето на децата, а нејзиниот недостаток може да ги предизвика.

0
213

Објавено е дека земањето надоместоци за фолна киселина во текот на бременоста може да ги спречи проблемите во однесувањето кај децата.

Познато е дека фолната киселина во бременоста е важна за спречување на оштетувањата на неуралната цевка (на мозокот и ‘рбетниот мозок) кај новороденчињата, но научниците сакале да откријат како земањето фолна киселина во текот на бременоста влијае и на подоцнежниот развој на детето, односно на однесувањето и емоционалниот развој.

Моментално важечките препораки го поттикнуваат земањето суплементи на фолна киселина пред зачнувањето како и во првите три месеци од бременоста.

Откриено е дека недостатокот на фолна киселина во раната бременост, наспроти постоечките препораки, е поврзан со поголем ризик од развој на емоционални проблеми и проблеми во однесувањето кај децата до 18 месеци живот.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]