Зошто децата ја вртат главата кога им сервирате карфиол или брокула и бараат кренвишли? За ваквото однесување се можеби виновни гените, поточно, генот TAS2R38 кој е одговорен за аверзијата на децата кон горчливите вкусови
Секој од нас носи и по два вакви гена. Постојат два различни видови на овој ген, а еден нови поголема чувствителност кон горчливиот вкус од другиот.
Ако е присутен еден и двата TAS2R38 гени, детето ќе одбива сѐ што има и најмалку горчлив вкус. Во текот на растењето оваа фаза се надминува под влијание на воспитувањето, културата и опкружувањето во кое расте детето.
Според тоа, ако вашето дете упорно одбива зеленчук, пробајте да му понудите оброк со слатки или солени сосови, во облик на салата или како сок. Ако не помогне и тоа, сервирајте му на вашето дете повеќе овошје, сѐ додека не ја надмине оваа фаза.
Фото: Pixabey