Анкета: Дали сте ЗА или ПРОТИВ вакцините?

Епидемиологот Жарко Караџоски ги обвини родителите кои не ги вакцинираат своите деца и посочи дека тие се одговорни за судбината на своите деца и дека вршат геноцид врз нив, како и дека епидемијата на морбили ќе продолжи сѐ додека не се вакцинираат или имунизираат 95 отсто од граѓаните. Што мислите вие за ова, дали вашите деца се вакцинирани? Вашите коментари ги очекуваме на нашата Фејсбук страна.

0
673

Од Министерството за здравство повторно апелираат за вакцинација со МРП вакцина, почнувајќи од бебиња на 6.месечна возраст до возрасни кои имаат 45 години. Од ова Министерство ги убедуваат граѓаните дека вакцините се со проверен квалитет.

Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување. Вакцината  во  здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен европски квалитет и рок на траење“, велат од Министерство за здравство

Од почетокот на епидемијата, инфицирани се 220 лица, а три починаа.

Епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје вчера порача:

За да запре епидемијата 15-тина илјади деца кои не се вакцинирани треба да бидат. Има деца кои немаат имунитет, тие ќе бидат првите кои ќе заболат. Со вашата немарност и залуденост од светските мрежи каде ќе најдете секакви податоци , се доведувате во ризик да заболите ако не сте имунизирани, децата се ни криви ни должни, немојте да направите геноцид на своето дете“.

Пишете ни што мислите вие за ова. Дали вашите деца се вакцинирани? Дали вие сте вакцинирани? Дали вашите деца одат во градинка или во училиште? Како да се справиме со епидемијата?

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]