Резултатите од студијата која е спроведена помеѓу децата од трето до осмо одделение во основните училишта покажуваат дека дури 15 отсто од децата се дебели.
Исто така, 10 отсто од испитаниците имаат покачено ниво на холестерол во крвта, а 5 отсто во 15.година во животот имаат покачен крвен притисок.
Се апелира до родителите да развијат здрав стил на живот за да можат децата да стекнат здрави навики. Неопходно е да се смени режимот на исхрана, односно децата да внесуваат повеќе овошје, зеленчук и помалку масти и сол.
Во ризик од инфаркт се и младите кај кои мајката доживеала инфаркт пред менопауза или таткото пред 45.година од животот.
Фото: Pixabey