Условите сѐ подобри, децата сѐ помалку интелигентни

Резултатите од новите долгогодишни научни студии покажуваат забележителен пад на интелигенцијата кај помладите луѓе.

0
124

Новата студија со 730.000 тестови за коефициентот на интелигенција, кои ја спровеле стручњаци од Норвешка, покажуваат многу загрижувачки резултати, особено според правилата на Флиновиот ефект.

Имено, новозеландскиот научник Џејмс Флин утврдил дела просечниот коефициент на интелигенција на населението во многу делови на светот расте околу три бода по деценија

Тестовите за интелгенција секои неколку децении се стандардизираат такашто просекот с дефинира како коефициент 100, а стандардното отстапување изнесува 15 бодови. Новата студија ги собрала резултатите од тестовите на младите Норвежани на возраст помеѓу 18 и 19 години кои се тестирани во рамки назадолжителниот воен рок. Од 1970. до 2009. година на тестовте им пристапувале млади родени помеѓу1962. И 1991 година.

Резултатите покажаледека до промена во Флиновиот ефект дошло после 1975. година такашто секоја следна генерација забележала седум бодови помалку.

И студијата која ги опфаќа британските тинејџери покажал дека во 2009. година коефициентот на интелигенција на четиринаесетгодишник во Велика Британија за 28 години, во просек, паднал два бода, а кај малечките од средната класа дури за 6.

Сите стручњаци истакнуваат дека не станува збор за генетика, туку за лошо воспитување, за начинот на кој младите го поминуваат времето, видовитена игри и забавата, како и времето кое (не) го поминуваат читајќи.

Постои и друга утешна можност – дека современите тестови не се прилагодени за да ја вреднуваат современата интелигенција на соодветен начин, односно, дека фаворизираат застарените начини на размислување кои помалку се нагласуваат во современото образование и воспитување на младите.

Тестовите на интелигенција, главно, настојуваат да ја мерат кристализиранатаифлуидна интелигенција.

Флуидн интелигенција претставува способности кои сеповеќе биолошки одредени, а е важна при решавањето на нови проблеми за кои знаењето и искуството не се од голема полза.

Таа е некој вид на природна интелигенција која претставува потенцијал за развој на кристализирана интелигенција, а интензивно се развива до адолесценцијата, и врвот го достигнува до 16.или 17.година.

Кристализирната интелигенција претставува знаења, вештини и способности кои поединецот ги развива во текот на животот, наведуваат научните портали.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]