Научниците тврдат: Образовниот систем ја убива детската креативност

Д-р Џорџ Ленд ја шокирал публиката кога ги објавил шокантните резултати од тестот за креативност развиен за НАСА, кој дополнително бил користен за тестирање на училишните деца.

0
220

Пред многу години НАСА контактирала со д-р Џорџ Ленд и Бет Џермен за да развијат специјализиран тест кој ќе им даде средства за делотворно мерење на креативните потенцијали на ракетните научници и инженери на НАСА, пишува Ideapod.

Тестот се покажал како многу успешен за целите на НАСА, но на научниците им останале неколку прашања за натамошни истражувања: Од каде доаѓа креативноста? Дали некои луѓе се родени со неа или таа се учи? Или произлегува од нашето искуство?

Научниците тогаш тестирале 1.600 деца на возраст помеѓу 4 и 5 години. Нивниот тест ја мерел способноста да им се пристапи на проблемите со нови, различни и иновативни идеи, а она што го откриле, ги шокирало.

Процентот на деца кои влегле во категоријата за креативност која е во границите на генијалност, бил полни 98 отсто.

Но ова не е крај на приказната. Научниците биле толку запрепастени што одлучиле да направат лонгитудинална студија и повторно да ги испитаат децата, пет години подоцна. Новиот резултат покажал дека само 30 отсто од истите деца спаѓаат во категоријата која е во границите на генијалност. Кога децата биле тестирани на 15.годишна возраст, процентот паднал на 12 отсто.

А што е со возрасните? Колку од нас се се уште во контакт со нашиот креативен гениј после години школување?

За жал, само 2 отсто.

За оние кои се сомневаат во доследноста на тие резултати – или мислат дека тоа би можеле да се изолирани случаи – тие резултати всушност биле повторувани повеќе од милион пати, пишува Гавин Насцименто, чиј текст првпат предупредил на оваа неверојатна студија и неговата шокантна импликација: школскиот систем, нашето образование, не оддалечува од нашиот креативен гениј.

„Причината за тоа не е премногу тешко да се сфати; училиштето е институција која е воспоставена за да им служи на желбите на владеачката класа, а не на обичните луѓе“, се наведува во текстот.

„За да може т.н елита да ги одржува своите раскошни животни стилови на отворен луксуз – таму кадешто најмалку придонесуваат, но уживаат најмногу – сфаќаат дека децата мораат да бидат заглупени и мора да им биде „испран“ мозокот за да можат да го прифатат нивниот систем на бескрајно искористување и непрекината војна“, пишува Насцименто.

Што сега? Може ли да се регенерира нашата креативност?

Ланд вели дека имаме способност, ако сакаме,  да бидеме повторно  на 98 отсто. Од она што го откриле од студијата со децата и од начинот на кој функционира мозокот, постојат два вида размислувања кои се случуваат во мозокот. Двете се користат со различни делови на мозокот и тоа е сосема поинаков вид парадигма во смисол како тоа обликува нешто во нашиот ум.

Едното се нарекува дивергентно – тоа е фантазијата, која се користи за создавање на нови можности. Другото се нарекува конвергентно – кога носите одлуки, кога тестирате нешто, критикувате, проценувате. Значи, дивергентното размислување делува како акцелератор, а конвергентното размислување делува како кочница.

„Откривме што се случува со тие деца кога ги школуваме – ги подучуваме истовремено да ги користат двата вида на размислување“, вели Ленд.

„Кога некој ќе побара од вас да смислите нови идеи и вие ќе ги изнесете, она што ќе ви го кажат во училиште е: „Се обидовме тоа порано“, „Тоа е глупа идеја“, „Нема да функционира“ и така натаму.

Еве што мора да престанеме да правиме:

„Кога всушност гледаме во внатрешноста на мозокот, гледаме дека неуроните меѓусебно се спротивставуваат и практично, ја намалуваат моќта на мозокот затоа што постојано проценуваме, критикуваме и цензурираме“, вели Ленд.

„Ако дејствуваме под страв, користиме помал дел од мозокот, но кога користиме креативно размислување, мозокот живнува“.

Кое е решението?

Мора повторно да го најдеме петгодишникот во себе. Таа способност која ја поседуваме ние како петгодишници, никогаш не се губи.

„Тоа е нешто што го вежбате секој ден кога сонувате“, потсетува Ленд.

Како ќе го најдете тој петгодишник?

Ленд не предизвикува сите нас: Утре, земете вилушка, разбудете го петгодишникот и смислете 25 или 30 идеи како да ја подобрите таа вилушка.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]