Родители, одземете им го на децата правото на приватност, веднаш!

Некогаш тинејџерите можеа да имаат право на приватност и под тоа се подразбираше дека имаа своја соба во која можеа да побегнат од сите. Но тоа време и место одамна ги нема.

0
1447

Драги родители на тинејџери, јас ги сакам учениците.

Познавам десетици илјади. Работев со нив повеќе од десет години. Патував со нив, се смеев со нив, тагував со нив и се молев со нив.

Шетав по нивните ходници и седев во нивните училници.

Сакам да мислам дека добро ги познавам нив и светот во кој живеат.

Мајки и татковци, тука сум за да ви кажам дека треба да им се одземе правото на приватност – веднаш!

Замислете дека вие (и тинејџерите кои ова го читаат) го слушнете тоа и си помислите: „Навистина е грдо да се каже такво нешто“!

Но, не ми пречи да ме наречете диктатор ако тоа значи дека сум во право.

Некогаш тинејџерите можеа да имаат право на приватност и под тоа се подразбираше дека имаа своја соба во која можеа да побегнат од сите, во која можеа да си ја затворат вратата, да си пуштат некоја музика, да го отворат тефтерот и да ги запишат работите кои се случувале но нивната глава. Но тоа време и место одамна ги нема.

Сега, кога тинејџерите ќе влезат во таа просторија и ќе ја затворат вратата, тие повеќе не се сами (всушност, многу од нив не се ни способни за самостоен живот).

Сега кога ќе влезат во својата соба тие не бегаат од светото, напротив, влегуваат во него и тоа, во најопасните, застрашувачки и заканувачки делови од светот. Тие го повикуваат тој свет во својот свет личен простор.

Благодарение на своите телефони, тинејџерите за неколку секунди можат им пристапат на луѓето и местата за какви што нашите родители можеле да имаат само кошмари.

Тие можат да им ги откријат своите најинтимни тајни на целосни странци.

Тие можат да набават дрога и оружје, да најдат порнографија и готови училишни работи.

Тие можат да ги поттикнат другите на самоубиство.

Тие можат да бидат насилници или жртви на насилство.

Тие можат да се коцкаат служејќи се со вашите кредитни картички.

Тие можат да купуваат и да продаваат сѐ што можете да замислите.

Тие можат си други да ги споделуваат фотографиите од своите тела.

Тие можат да видат најнасилни фотографии на светот.

А сето тоа е заштитено со шифра.

Имено, светот се сменил, а се смениле и правилата.

Технологијата едноставно пребрзо напредува за да можеме само така да им ја препуштиме на учениците.

Тие не можат да излезат на крај со тоа.

Вие мора да бидете во тие опасни води со нив, како да се мали деца во бурен океанво кој пливаат ајкули.

„Но, јас имам доверба во своите деца“, велите вие.

Меѓутоа, не е во тос проблемот.

За родителите никогаш не се работи за тоа дека не им веруваат на своите деца – проблемот е многу поширок.

Барем така беше со моите родители.

Додека бев тинејџер, моите родители ги познаваа моите пријатели, знаеја каде живеат, кои им се родители и кои се нивните убедувања. Тие знаеја каде одиме, како ќе стасаме до таму и кога ќе се вратиме (секако, тука имаше и приватност,  но то беше информирана приватност).

На социјалните мрежи вашите деца веројатно имаат неколку стотици „пријатели“ кои всушност воопшто не ги познаваат, а кои имаат пистап до вашите деца. Дали навистина сакате да им дадете толку слободно време со толку многу странци?

МАЈКИ И ТАТКОВЦИ, ЕДНОСТАВНО КАЖАНО: ако сте родител на дете помладо од 13 години или тинејџер и немате пристап до секоја порака, секој уред, секоја шифра и секоја страница која ја посетуваат вашите деца, вие всушност ги занемарувате. Со тоа и самите учествувате во сѐ што тие работат, гледаат и доживуваат.

Во ред, можеби она што тинејџерите не би требало да го имаат или со што не можат да излезат на крај не е приватноста туку технолошката приватност.
Дали им е потребно и заслужуваат ли тинејџерите место за себе?

Апсолутно.

Дозволете им да побегнат од светот. Дозволете им да се затворат во својата соба, да пуштат музика, да го грабнат дневникот и да ги запишат своите мисли.

Но ако „дневникот“ нема хартија, туку „работат на батерии“ – набавете си шифра.

Извор: todaysmama.com

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]