Бајки и музика за бебето во стомакот – дали делуваат?

Веројатно сте чуле дека музиката за бебето за време на бременоста, како и читањето бајки имаат свои добри влијанија. Дознајте кои се тие и дали се навистина благотворни.

0
384

Некои истражувања покажале дека стимулирањето на бебето уште додека е во стомакот има значајно влијание на когнитивниот развој на детето. Станува збор за пуштање музика и читање бајки или приказни (важен е смирувачкиот глас на мајката). Истражувачите сметаат дека тоа ги стимулира бебињата и дека тие така добиваат одредена предност кога ќе дојдат на свет, затоа што повеќето од нив се посигурни во себе и имаат можност побрзо да учат и да ги совладуваат препреките.

За развој на мозокот на бебето во стомакот важно е и мајката да разговара со бебето, но и да биде опуштена во текот на бременоста и со што помалку стрес.

Музика

Науниците сметаат дека пуштањето одредена музика делува многу стимулативно врз мозокот на бебето уште додека е тоа во стомакот на мајката. Бебето може да ве слушне уште од 5. месец и бидејќи музиката докажано ги подобрува комуникациските вештини, со самото тоа уште во раните стадиуми од животот ни помага и да научиме да зборуваме, да читаме, па и полесно да се спријателиме.

Со овој третман (пуштање музика, читање приказни и поврзување со бебето во стомакот) можете да почнете уште од 18.недела на бременоста, но позначајно е во 24.и 25.недела кога бебешкото уво и сетилото за слух се целосно формирани.

Барајте музика која смирува и опушта, иако секоја музика која ја опушта мајката и која таа ја сака може да биде пријатна и корисна и за бебето.

Приказни и бајки

Некои истражувања покажале дека бебињата во стомакот слушаат додека мајките зборуваат и тоа во текот на речиси 10 недели во бременоста. На детето му е важен звукот на мајчиниот глас, кој му е најблизок, па затоа ритмичното смирувачко читање на бајки и приказни е важно и за бебето.

Важен е ритамот и мајчиниот моќен глас. Најдобро е да најдете некое мирно катче и некоја убава приказна и да ја читате на глас со лесно темпо. Битно е и вие да сте смирени и опуштени. На тој начин подобро се поврзувате со вашето неродено бебе.

Допир

Трудниците често посегаат по стомакот, заштитнички го допираат, свесно и несвесно обидувајќи се да се поврзат со бебето, да почувствуваат дали е сѐ во ред. Но, тоа не делува само на трудницата, туку и на самото бебе. Имено, веќе од 8.недела тие се чувствителни на допир. Кога ќе пораснат и ќе бидат довоно големи за да ве поттурнуваат време е да поставите поблизок контакт. Масирајте го стомакот, кога бебето ќе се мрдне, допрете го стомакот – бебето често ќе одговори на вашите допири. Истражувањата покажуваат дека ова делува релаксирачки и смирувачки на бебето.

Намалување на стресот и стимулирање

За когнитивниот развој на бебето е важно и намалувањето на стресот кај мајката. Тоа можете да го постигнете со вежби за дишење, кои ќе ви бидат корисни и во текот на породувањето, но и со пешачење, јога и со лесни вежби. Можете и да пишувате дневник, да ги следите стадиумите на бременоста, задолжително да спиете некој час повеќе, да му читате на своето бебе во стомакот, да се опуштите.

Овие стимулации се покажале како корисни затоа што е забележано кај бебињата (на кои им била пуштана музика и им се читале бајки) веднаш по раѓањето побрзо да реагираат, да го следат и да го бараат мајчиниот глас… Стручњаците советуваат дека овие видови на стимулации треба да бидат ограничени на 10 до 15 минути и не повеќе од 2 пати на ден.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]