Алтернативата за тампоните и она што стана тренд помеѓу оние жени кои се еколошки настроени, а тоа се менструалните чашки, сега добиле и нова улога. Мајките низ светот ја користат и тврдат дека може да им помогне побрзо да забременат.
Оваа алатка досега беше позната како еко-френдли алтернатива за тампоните, но сѐ повеќе жени ја употребуваат за да ја насочат спермата од нивниот партнер токму кон вистинското одредиште и со тоа да го поддржат побрзото забременување.
Се разбира, идејата е на оние иновативни луѓе кои или немале доволно средства за ин-витро или пак сакале да се обидат претходно на секој можен начин да го направат ова сами, без медицинска поддршка.
Шери Рос, експерт за женско здравје и автор на „She-ology: The Definitive Guide to Women’s Intimate Health. Period., го проверила ова тврдење на неколку двојки кои се обидувале да забременат побрзо или сакале да ги избегнат давачките за скапите третмани.
„Имањето секс со тоа што вашиот партнер ќе се повлече за да ја соберете спермата во менструална чаша е еден од методите“, вели д-р Рос.
„Други имаат секс и веднаш ја внесуваат менструалната чаша во вагината за да се осигураат дека спермата останува на вистинското место, блиску до влезот на матката. Двојките што користат вештачко осеменување исто така можат да го користат методот“, пишува д-р Рос.
Може ли менструалната чаша да ви помогне да забремените?
Според д-р Рос, дефинитивно можеше да ги поддржи вашите напори да забремените.
„Во секоја ејакулација има милиони сперматозоиди што пливаат наоколу“, забележува таа. „Менструалната чаша полна со сперматозоиди ѝ овозможува на спермата да се движи само во еден правец, а тоа е кон јајце-клетките. Цервикалната слуз, поврзана со овулацијата, ѝ помага на спермата да плива низ грлото на матката и во матката правејќи пат кон фалопиевата туба каде што јајцето се оплодува. Потребно е само еден сперматозоид да навлезе во јајце-клетката за да се овозможи оплодување“.
Д-р Рос, исто така, истакнува дека чувањето на спермата блиску до грлото на матката и влезот во матката за подолг временски период може да ги зголеми шансите за зачнување.
„Сперматозоидите живеат три дена“, објаснува д-р Рос.
„Колку подолго сперматозоидите се во грлото на матката и на влезот од матката, толку е поголема шансата при пливање во фалопиевата цевка да се оплоди јајце-клетката. Бидејќи нема вистински упатства за користење на менструалната чаша за да се помогне во задржувањето на спермата на грлото на матката, би предложила да ја оставите чашата онолку колку што можете тоа безбедно да го направите тоа“. Следејќи ги општите упатства за носење на менструалните чаши, таа советува тоа да не е подолго од 12 часа.
Фото: Pixabey