Нетфликс ги предупредува децата и возрасните да не ги имитираат јунаците на новиот филмски хит

Најгледаниот филм на „Нетфликс“ - „Кутија за птици“ од премиерата до денес е тема број еден. Добивме луд и опасен предизвик што нѐ тера да се запрашаме - до каде оди човечката глупост? (ВИДЕО)

0
410

Предизвикот BirdBox се разви со толку голема брзина што „Нетфликс“ со неверување во соопштение до јавноста ги повика гледачите да не се повредуваат имитирајќи ги главните јунаци од најновиот филмски хит „Кутија за птици“.

Луѓето сè повеќе се навлекуваат на „Bird Box Challenge“ и прават секојдневни работи со врзани очи како во хит филмот, со голем ризик за сериозни повреди.

Филмот за кратко време стана светски хит, а предизвикот „Bird Box Challenge“ почна безопасно, но многумина се загрижени луѓето да не се изложуваат премногу на опасност и да не дојде до некој трагичен настан.

Во филмот, жена (Сандра Булок) со две деца тргнува на опасен пат. Тие бегаат со затворени очи од морничаво невидливо чудовиште што луѓето ги наведува да извршат самоубиство преку сетилото за вид.

 

Фото: Courtesy Netflix

[better-ads type='banner' banner='999' ]