Дајте им на децата малку простор

Иако многу воспитни методи на нашите мајки и татковци денеска ни делуваат толку природно и логично, ние всушност ги оптоваруваме децата и ги спречуваме самостојно да се развиваат

0
246

Иако како дваесетгодишници се колневме дека нема да се однесуваме како нашите родители, штом стануваме родители почнуваме да ги повторуваме нивните обрасци, што е сосема разбирливо.

Иако многу воспитни методи на нашите мајки и татковци денеска ни делуваат толку природно и логично, ние всушност ги оптоваруваме децата и ги спречуваме самостојно да се развиваат и да јакнат.

Ако кај себе забележите некои од овие примери на однесување и реакции, исечете ги во корен.

Одговарате на прашања наместо нив

Сѐ почнува кога на прашање на возрасна личност упатено кон вашето дете, одговарате вие.

Како се викаш“, го прашува продавачката, а вие брзо, уште пред да успее детето да ја отвори устата, одговарате „Марко“.

На овој начин не му дозволувате самиот да научи да се изразува, да изнесува свое мислење, без проблем да комуницира со околината и да воспоставува нови контакти.

Дома треба да го научите како да одговара на одредени прашања, а не кога ќе се најдете во друштво. Тука вашата улога се завршува и треба да го пуштите детето самото да зборува.

Се трудите да им бидете пријател

Разбирливо е зошто го сакате ова, но мајките и татковците не се и не треба да бидат пријатели со децата. За тоа им служат врсниците. Комуникацијата со пријателите подразбира разговор за сите теми, а тоа со вас не од некој момент нема да биде возможно. Децата нема да сакаат да ви откријат баш сѐ, особено ако се веќе во пубертет. Затоа е најдобро од првиот ден да бидете она што сте – родител кој им дава безусловна љубов и поддршка.

Им го наметнувате сопствениот вкус

Знаеме дека од најдобри намери се обидувате да ги наведете да слушаат одреден вид на музика, да читаат книги кои ви сметате дека се добри, да носат облека која вие ја сметате за убава и удобна, но тоа само може да им предизвика револт. Наместо тоа, потрудете се да разменувате мислење за омилени филмови. Јунаци, хобија, да разгледувате различни опции, да ги исложувате своите ставови, но на крајот дозволете му на детето да изгради свој вкус и да развие индивидуалност.

Се мешате во нивната приватност

О да, и тие еден ден ќе посакаат да имаат своја приватност и мали тајни кои поскоро ќе ги споделуваат со пријателите отколку со вас и ќе носат одлуки во кои вие не би требало да се мешате. Родителите грешат и кога го форсираат детето на разговор за одредени теми. Знаеме дека сакате да дознаете сѐ за нивната прва симпатија, но ќе мора да си ја задржите љубопитноста за себе: Не го испитувајте детето и не го терајте да ви зборува за работи кои очигледно не сака да ги споделува со вас.

Им помагате и кога не им треба помош

Уште околу третата година детето е до некаде способно само да се облече, да ги собере играчките и да јаде, но некои родители тоа упорно го игнорираат до поаѓањето во училиште, дури и до подоцна и прават сѐ наместо него. А потоа кога детето ќе стане тинејџер, се чудат поради неговата несамостојност и тоа што не сака да помогне при раскревањето на масата и миењето на садовите, ниту поради тоа што не сака да си ја среди својата соба. За да го спречите тоа, дозволете им да експериментираат уште додека се мали, да учат да паѓаат и да стануваат, затоа што само така ќе научат како да се грижат за себе.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]