Повеќето родители не ги прифаќаат своите деца такви какви што се

„Љубовта е главно условна, се темели на контрола и страв. Всушност, станува збор за себе. Живееме по константен попис кој го проверуваме и веруваме дека ако не го следиме тој попис – дека сме помалку вредни“ – вели детскиот и клинички психолог д-р Шефали Цабари.

0
547

Познатиот детски и клинички психолог д-р Шефали Цабари и авторка на неколку бестеселери, споделила силна и просветлувачка порака која ќе ја смени перспективата на секој родител и во голема мерка ќе влијае на свесното родителство и вистинската љубов кон детето.

Најголема лекција за родителството

„Ова е најголема лекција за родители“, почнува д-р Цабари и додава дека никој вистински и безусловно не сака друга личност туку сите сакаат условно.

„Љубовта е главно условна, се темели на контрола и страв. Всушност, станува збор за себе. Живееме по константен попис кој го проверуваме и веруваме дека ако не го следиме тој попис – дека сме помалку вредни“ – вели детскиот и клинички психолог д-р Шефали Цабари.

Таа објаснува дека кога го правиме тоа со детето кое на овој свет доаѓа полно со живост, желно да го сфати животот а ние ја уништуваме таа негова можност со пописот, со тие правила кои зборуваат што значи успех, неуспех, убавина и достигнување. На тој начин всушност му зборуваме на детето: „Следи го мојот начин или си веќе ’отфрлен’ во моите очи. Тоа моментално поставување на правилата какво би требало да биде детето, ја оневозможува способноста на детето да се развива на свој начин.

„Повеќето родители не ги прифаќаат своите деца такви какви што затоа што не се доволно добри или успешни. Тогаш им покажувам на родителите дека причината заради која го прават тоа, е таа што не го прифаќаат своето дете такво какво што е, затоа што самите себе не се прифатиле такви какви што се“.

Онаа главна родителска борба е: „Моето дете не е онакво какво што мислев дека ќе биде“, било да не е успешен фудбалер, фантастичен пијанист или послушно дете. Повеќето родители кои се одгледувани на начин да чувствуваат притисок дека мораат да постигнат голем успех, е тешко да сфатат дека нивниот нагон не е нужно органски, туку произлегува од нивното чувство на недоволност, нивниот страв, нивниот недостаток. Докторката објаснува дека тие едноставно научиле тоа да го надокнадат и никогаш во потполност не се опоравиле од својата „обичност“.

„И кога ќе им кажам на родителите дека е тоа она што ги поттикнува, а тие воспостават врска со своето дете кое се чувствува „обично“ и недоволно добро во својата ‘обичност’ – тогаш се случува просветлување. После тоа ги поттикнувам да увидат како тоа се одразува на нивното дете“.

Не им го правете тоа на вашите деца

Нејзината порака за родителите е да не му го прават тоа на своето дете.

„Вашето дете е добро и комплетно во својата ‘обичност’. На детето не му треба повеќе за да се чувствува себеси повисоко. Детето не е родено со таа егоисточна желба да има одредена титула или богатство за да се чувствува себеси. Децата се чувствуваат себеси такви какви што се. Тие се наједноставен пристап кон целовитоста. Ние им го одземаме тоа“.

Вистински да се сака некој значи вистински да се сака таа личност заради она што таа личност е, без нас во таа слика.

Таа личност не треба да те сака, не треба да има потреба од тебе, не треба да се согласува со тебе и не треба да те следи.

„И сега обидете се да го сакате своето дете такво какво што е“.

Дали сте сигурни дека вашата љубов кон вашето дете е безусловна?

Фото: Pixabey

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]