Пораките кои родителите ги испраќаат за храната за време на оброците можат да имаат неверојатно влијание, затоа бидете сигурни дека им ги испраќате оние вистинските. Прочитајте кои реченици би требало да ги избегнувате и зошто:
- „Можеш да добиеш десерт ако ја изедеш брокулата“
Не само што на тој начин го „кревате“ десертот на супер специјален статус, туку и на детето му испраќате порака дека прво треба да ја изеде оваа „бљак“ намирница а да дојде до оваа „убавата“. Ако служите десерт, сите членови на семејството би требало да имаат избор да го изедат, без оглед колку јаделе претходно. Ако вашето дете сака да јаде само десерт, без воопшто да го изеде главното јадење, обидете се само повремено да служите десерт. Исто така, можете да сеобидете да го послужите десертот со главното јадење – не звучи баш добро, но кај некои деца функционира.
- „Многу си пребирлив“
Родителите би требало да го избегнуваат зборот „пребирливо“ пред децата затоа што ставајќи било каква „етикета“ на детето секако не е од помош, дури и ако имаат навики кои ги ставаат во таа категорија. Ако го наречете детето пребирливо, тоа би можело ова да го преведе вака: „Јас сум дете кое не сака многу намирници и кое се плаши да проба нови работи“.
- „Изеди уште 5 залчиња месо и 3 залчиња салата“
Родителите главно сметаат дека нивното дете не изело доволно од оние „квалитетни“ намирници на чинијата, туку јадело само компир или само леб и нивниот оброк на родители им изгледа неизбалансирано. Но на тој начин со кој на детето му диктирате уште колку мора да изеде, воопшто не му помага. Нутриционистката Сали Куземчак и самата ги кажувала овие реченици сѐ додека не сфатила колку тие му штетат на нејзиното дете.
„Престанав со тоа кога еднаш мојот син во текот на вечерата ме праша уште колку залаци треба да изеде. Во тој момент сфатив колку е тој начин непродуктивен. Како мојот син ќе научи да јаде кога е гладен и да престане да јаде кога е сит ако јас му ги бројам залаците?“
- „Нема да ти се допадне“
Дури и ако сте 99 отсто сигурни дека на вашето дете нешто нема да му се допадне, никогаш не го обезхрабрувајте од тоа да го испроба. Во ред е да го предупредите ако е на пример храната пикантна. Но инаку бидете отворени и поттикнувајте ги затоа што со децата никогаш не знаете и често знаат да ве изненадат.
- „Мораш да го пробаш ова“
Правилото, „земи барем едно залче“, функционира за некои деца и ги поттикнува да испробаат нешто што инаку самите не би го пробале. Но, за повеќето деца овие реченци само ја поттикнуваат борбата на трпезата.
Фото: Hal Gatewood on Unsplash