Трето издание на „Сонуваме Менуваме“

Стопанска банка АД – Скопје го реализираше и третото издание на „Сонуваме.Менуваме“, настанот кој ја промовира инклузијата на децата со посебни потреби и ја поттикнува емпатијата кај сите нас.

0
436

По две години успешна реализација на настаните, кампањите и донациите кон асоцијациите на деца со посебни потреби, оваа година, како прв настан со кој Банката почнува да ја слави својата 75. годишнина, „Сонуваме.Менуваме“ прерасна во уште поголем спектакл и доживување кое ќе се памети.

„Заедно сонуваме и менуваме, за подобар свет, за сите“ – е мотото под кое и годинава по третпат се одржа овој општествено-одговорен проект на Стопанска банка АД – Скопје.

На сцената на МОБ (Македонска Опера и Балет), детските миленици – 5+ Фамилија приреди едночасовно шоу во кое беа вклучени повеќе деца со посебни потреби кои ја збогатуваа програмата и рамноправно со актерската екипа, гласно и недвосмислено ја промовираа инклузијата. Со оглед на тоа што клучна публика на концертите се децата кои целосно им веруваат на ликовите од серијата 5+ Фамилија, организаторите се надеваат дека пораката од настанот ќе биде одлично прифатена и дека ќе се создаде општество какво што сонуваме да имаме.

Посетители на настаните беа и повеќе асоцијации надвор од Скопје за кои Банката покрај влезници, обезбеди превоз и храна.

Билетите за петте концерти „Сонуваме.Менуваме“ кои се одржаа викендов во МОБ имаа симболична цена од 100 денари, а сите средства од билетите се вклучуваат во фондот за донации кој Стопанска банка го обезбеди за реализација на грантови за асоцијациите на деца со посебни потреби.

„СонувамеМенуваме прерасна во традиција и среќни сме што токму со овој проект почнуваме да ја одбележуваме нашата 75.годишнина. Кога компанијата има богата историја значи дека е вткаена во историјата на државата, на граѓаните и на компаниите и остава траен белег врз општеството. Како општествено одговорна компанија секогаш сме на страната на оние кои не се плашат да го остварат својот сон, даваме поддршка, заедно туркаме напред и создаваме подобар свет за сите. Им посакувам на децата кои ќе учествуваат, но и оние кои ги следат концертите да работат сложно за посветла иднина, ја имаат нашата поддршка секако“ – изјави г.Диомидис Николетопулос, генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје.

Вкупниот буџет доделен досега од страна на Банката за асоцијациите на деца со посебни потреби, надминува 45.000 евра.

[better-ads type='banner' banner='999' ]