Родителите откриваат зошто ги учат децата дека Дедо Мраз не постои

Некои родители на своите деца им раскажуваат дека постои Дедо Мраз, добриот старец што на добрите деца им носи подароци, но има и такви кои имаат поинаков пристап. Во која група родители спаѓате вие?

0
247

The New York Post ги открил причините на неколку мајки и татковци кои на своите деца им ја разоткриле легендата за Дедо Мраз.

„Загрижувачки е кога луѓето ќе кажат дека е нешто реално, а потоа дека не е“, смета 37-годишната Александра Фунг, мајка на три деца, која и самата се чувствувала шокирана и измамена кога на возраст од околу 10 години дознала дека нејзиниот дом еднаш годишно не го посетува Дедо Мраз.

„Секогаш ми е приоритет вистината“, додала таа.

Таткото на пет деца Кортни Фонг ја донел својата одлука поради религиозни причини. Не сакал неговите деца да се посомневаат во постоењето на Исус кога ќе дознаат дека Дедо Мраз не постои.

„Освен тоа, не ми се допаѓа идејата децата да се трудат да се однесуваат добро само поради подароците кои ги очекуваат. На тој начин ги учиме дека е важно да се трудат поради награди, а и излегува дека Дедо Мраз е човек кој е насекаде, може да види дали сте добри или не и врз основа на тоа одлучува дали ќе добиете подарок“, вели Фонг.

На мама Мишел пак, ѝ пречи приказната за Дедо Мраз затоа што некои родители можат да си дозволат поскапи подароци од останатите.

„Не сакав да ги поттикнувам децата да веруваат во тоа затоа што некои родители едноставно не можат на децата да им овозможат сѐ што ќе посакаат. Ако сите деца веруваат во Дедо Мраз и сите посакаат скап таблет, а го добијат само некои од нив, што ќе се прашуваат останатите?“ објаснила таа.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]