И гостиварчани добија Роса школо за родителство – донација на Пивара Скопје и Министерството за здравство

Роса школите се комплетно реновирани и опремени од страна на Пивара Скопје, со цел да се обезбедат услови за непречена работа со сите идни родители, а пак стручниот тим кој ќе ги спроведува обуките е обезбеден од страна на Министерството за здравство и составен од доктори -специјалисти по гинекологија и акушерство, педијатрија, како и медицински и патронажни сестри.

0
81

По отворањето на првото Роса школо за родителство во Скопје, денес и Општата болница во Гостивар доби свое место за едукација и обука на сите идни родители. Овој проект на Пивара Скопје е во партнерство со Министерството за здравство, а до крајот на годината најавено е отворање и на уште едно школо за родителство во Клиничката болница во Битола.

Роса школите се комплетно реновирани и опремени од страна на Пивара Скопје, со цел да се обезбедат услови за непречена работа со сите идни родители, а пак стручниот тим кој ќе ги спроведува обуките е обезбеден од страна на Министерството за здравство и составен од доктори -специјалисти по гинекологија и акушерство, педијатрија, како и медицински и патронажни сестри.

Од Пивара Скопје велат дека желбата да се поддржат родителите, новороденчињата и децата е главниот мотив за реализација на овој проект и тоа е мисијата која Роса како бренд транспарентно ја спроведува веќе години наназад. Секако, овој проект е значаен и за целиот здравствен систем, како еден од најважните сегменти во општеството

„Следејќи ги светските трендови и поттикнати од илјадници успешни приказни на задоволни родители-посетители на ваков тип школи од регионот и пошироко, но истовремено и увидувајќи ја реалната потреба од ваква форма на обучување заедно со Министерството за здравство, се одлучивме поддршката да ја дадеме токму преку обезбедување услови за професионална помош и кредибилни совети на идните родители кои се наоѓаат пред своите најголеми животни улоги. Вистински веруваме во каузата дека стабилното семејно опкружување, коешто помага и поттикнува, претставува основа за здраво и безбедно растење, како и императив за создавање здрави идни поколенија“, изјави Катерина Хаџи-Ангелеска-Начевска, Сениор бренд специјалист за безалкохолни пијалаци во Пивара Скопје.

На отворањето на Роса школото во Гостивар беше претставен и тимот од доктори сочинет од педијатар, гинеколог акушер и патронажни и медицински сестри, а од Министерството за здравство потенцираа дека  еден од клучните критериуми за избор на градовите за Роса школите бил токму доволниот број на стручен персонал во здравствените домови, како и бројот на трудници и очекуван број на новороденчиња.

„Општата болница во Гостивар располага со стручен кадар кој е подготвен за успешна реализација на работилниците во рамки на ‘Роса школите за родителство’ и убеден сум дека ќе успее да одговори на сите искажани проблеми со кои би можеле да се соочуваат новите родители. Од друга страна, важно е да се истакне дека во првото тримесечје од 2018 година во Гостивар се регистрирани 179 новороденчиња, што го вбројува Гостивар меѓу петте општини на врвот на листата на ниво на Македонија по број на родени. Оттука, навистина ми е драго што Пивара Скопје ја препозна вистинската потреба за ваков тип на едукација и искрено верувам дека преку вакви општествено-одговорни проекти заедно можеме да придонесеме многу повеќе за успешно родителство и подобро здравство“, изјави  Спец. Д-р Асим Муса, заменик министер за здравство.

„Во името на целиот Роса тим од Гостивар би сакал да ја изразам нашата благодарност за оваа донација, бидејќи ваквата форма на едуцирање на идните родители во Гостивар е навистина добредојдена, а впрочем и неопходна, особено земајќи го предвид фактот дека општината регистрира сѐ поголем број на новороденчиња. Се надевам дека сите идни мајки и идни родители ќе го посетуваат ова Роса школо, а воедно и ги поканувам да се пријавуваат за часовите бидејќи ќе имаат вистински бенефит за сите прашања врзани со родителството“, изјави Д-р Јакуп Јакупи, директор на Општа болница Гостивар.

Обуките се бесплатни и ќе бидат организирани во 5 тематски целини кои опфаќаат родителство, здрави стилови при бременоста, психофизичка подготовка, доење и нега на новороденчето, а трудниците и сите  заинтересирани идни родители и членови на нивните семејства ќе можат да се пријавуваат директно во Општата болница во Гостивар.

Проектот „Роса школи за родителство“ е резултат на шестмесечната кампања преку која беше издвоен по 1 денар од секое продадено шише вода „Роса“ од 1,5 л, а средствата беа наменети за комплетно реновирање и опремување на три простории во здравствените институции наменети за Роса школите за родителство.

[better-ads type='banner' banner='999' ]