Бебешки ботулизам: опасна болест која може да ја предизвика медот

Педијатарката др Џована Армано објаснува сѐ за бебешкиот ботулизам - ретка и опасна акутна болест која обично се појавува кај бебињата помеѓу три недели и шест месеци, ако консумираат контаминирана храна.

0
1455

Ботулизам е акутна болест предизвикана од егзотоксините на бактеријата Clostridium botulinum. Може да биде многу опасна затоа што предизвикува слабост во мускулите и проблеми со дишењето. Сепак, болеста ретко се добива, и повеќето од новороденчињата кои се погодени брзо и целосно се опоравуваат. Ботулизмот кај бебињата може да се третира, но поради сериозноста на болеста е многу важно родителите на време да ги забележат симптомите.

Спорите на бактеријата Clostridium botulinum можат да се најдат во загадена средина, во некоја контаминирана храна (конзервирана) и во медот. Затоа се препорачува мед да не им се дава на деца до возраст од 2 години.

Болеста обично се јавува кај доенчиња помеѓу три недели и шест месеци возраст, ако тие консумираат контаминирана храна, што е многу ретко со оглед на тоа што се препорачува доење до 6 месечна возраст или адаптирано млеко, ако мајката не дои. Адаптирано млеко (формула) се купуваат најчесто во аптеки и во синџир од продавници, кадешто овие производи подлежат на посебна контрола (рок на траење, оштетување на кутиите и слично).

Ако спорите на Clostridium botulinum се внесат во организмот на новороденчињата, бактериите ќе се размножуваат и ќе произведуваат токсин. Овој токсин ја попречува нормалната интеракција помеѓу мускулите и нервите и на тој начин може да ја попречат способноста на детето да се движи, да јаде и да дише.

Возрасни и деца постари од една година не се изложени на ризик, бидејќи нивниот дигестивен тракт е развиен, и може да ги исфрли спорите низ телото пред да се предизвика било каква штета.

Констипација или запек е првиот знак на болеста

Симптомите на ботулизам, почнуваат да се појавуваат помеѓу третиот и триесеттиот ден откако бебето во својот организам ќе внесе контаминирана храна. Запекот е обично прв знак на болеста, но тоа се случува и поради многу други причини, па затоа треба да се обрне внимание и на останатите знаци како што е: безизразно лице, проблеми со голтање и дишење, мускулна слабост, намалена подвижност, слаб апетит и кога бебето помалку плаче.

Ова е многу тешка и опасна болест, а родителите мора веднаш да се јават, по можност во најблиската болница за итни случаи, бидејќи бебето треба да се лекува во одделението за интензивна нега што е можно поскоро.

Превенција

Како и многу други бактерии, спорите на Clostridium botulinum се наоѓаат насекаде во нашата средина. Ги има во нечистотијата и во прашината, па дури и во воздухот, во контаминиран мед или производи од мед и сирупчиња од пченка кои служат како природни засладувачи. Се разбира, треба да обрнете внимание на хигиената воопшто (миење на рацете пред јадење) и хигиената на намирниците што му ги давате на вашето дете.

[better-ads type='banner' banner='999' ]