Зошто малите деца одбиваат да одат на спиење

Животните услови на нашите претци биле такви што само дете во темница било во сериозна опасност да биде изедено, додека денес таква опасност не постои. Низ историјата на човековиот вид, ниту еден нормален родители не би дозволил мало дете да спие само. Денеска тој детски страв ни делува ирационално затоа што опасност повеќе нема, па луѓето претпоставуваат дека детето прави претстава за ништо, ја тестира нивната волја или е само разгалено. Не им паѓа напамет дека расплаканото дете само сака да биде покрај нив.

0
617

Во нашата култура е сосема вообичаено малите деца да се спротивставуваат кога ги тераме на спиење. Исмислуваат разни изговори – дека не се уморни, дека се гладни, жедни, дека сакаат уште една приказна – сѐ само да го одложат одењето во кревет. Се плашат од темница и од чудовиштето под кревет. Децата кои сѐ уште не знаат да зборуваат, својот протест го искажуваат со плачење.

Од каде толку голем отпор кон спиењето? Пред многу години, познатиот психолог Џон Б.Вотсон утврдил дека за тоа се виновни родителите кои ги разгалиле децата. Сѐ уште преовладува таквиот став и на родителите им се советува да бидат цврсти и да не подлегнуваат на молбите на децата. Стручњаците велат дека станува збор за судир на волјите од кој родителите мора да излезат како победници.

Меѓутоа, нешто очигледно му недостасува на ова објаснување. Зошто децата одбираат токму на ова да го тестираат родителското трпение? Не се бунат против играчките, сончањето, прегратките. Зошто се токму против спиењето кое е толку добро за нив?

Одговорот почнува да се наѕира штом го напуштиме западниот свет и ги погледнеме децата во другите култури. Спротивставувањето на спиењето е единствено за културите со западен начин на живот. На други места, децата спијат во иста просторија и главно, во иста постела со своите родители, и не се бунат против тоа.

Значи, изгледа дека она против што се бунат децата е одењето на спиење во темница и самотија.

Кога луѓето од незападните култури ќе слушнат за нашиот обичај да ги испраќаме децата на спиење во одвоена просторија, обично се шокирани. Велат, „кутри деца!Како можат родителите да бидат толку сурови?“

Најмногу на тоа се чудат ловците собирачи, затоа што знаат дека малите деца не поднесуваат да бидат оставени сами во темница.

До пред само 10.000 години, сите сме биле ловци собирачи. Сите сме живееле во свет во кој да се остави дете само во темница значело да им се обезбеди на предаторите вкусно залче. Чудовиштата од под кревет навистина постоеле, се прикрадувале низ џунглата или саваната, околу човечките населби. Колибите од слама не овозможувале заштита, туку близината на возрасните, по можност на повеќе возрасни. Низ историјата на нашиот вид, плашливите бебиња и мали деца кои со плачење го привлекувале вниманието на возрасните, имале повеќе шанси да преживеат и да им ги пренесат своите гени на идните генерации, отколку децата кои мирно ја прифаќале својата судбина. Во друштвото на ловците собирачи единствено луд или крајно немарен човек би оставил мало дете само во текот на ноќта, а на најмалиот протест на детето, некој од возрасните доаѓал да го спаси.

Кога вашето дете плаче затоа што сте го ставиле само на спиење, тоа не ја тестира силата на вашата волја! Тоа искрено стравува за својот живот. Тоа плаче затоа што сите ние сме сѐ уште по своите гени ловци собирачи, па неговите гени му порачуваат дека да се биде сам во темница е рамно на самоубиство.

Ова е пример на еволутивен расчекор помеѓу условите во кои живееле нашите претци, во време кога се формирал нашиот геном, и условите во кои ние живееме денес. Животните услови на нашите претци биле такви што само дете во темница било во сериозна опасност да биде изедено, додека денес таква опасност не постои. Низ историјата на човековиот вид, ниту еден нормален родители или роднина или друг возрасен член на заедницата не би дозволил мало дете да спие само. Ако случајно и би дошло до тоа детето да биде оставено ноќе предалеку од возрасните, неговиот плач веднаш би ги предупредил.

Денеска тој детски страв ни делува ирационално затоа што опасност повеќе нема, па луѓето претпоставуваат дека детето прави претстава за ништо. Или, ако читаат совети од „стручњаци“, заклучуваат дека детето само ја тестира нивната волја и дека е разгалено. И тогаш бараат од детето да се вразуми, наместо да ѝ поверуваат на својата интуиција која им вели дека расплаканото дете сака да биде покрај нив.

Што ни преостанува тогаш да правиме по повод овој еволутивен расчекор? Можеме да постапиме онака како што ни советуваат стручњаците и да се впуштиме во судир на волјите или да го направиме она што ни го порачуваат гените и да најдеме некој згоден начин детето да спие близу до нас.

Порано, кога луѓето и кај нас спиеле по повеќемина во иста соба, немало вакви дилеми, па произлегува дека, на некој начин, кога си сиромашен животот е поедноставен, отколку кога можеш да си дозволиш стан или куќа со повеќе соби.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]