Веројатно илјада пати до сега сте слушнале дека родителите не би требало да се караат пред децата. Меѓутоа, новите студии покажуваат дека ваквиот пристап им испраќа на децата збунувачки пораки и дека родителите треба да имаат „здрава расправија“ пред децата.
На пример, ако ги прашате вашите баби и мајки, тие ќе ви кажат дека децата никако не треба да бидат вмешани во проблемите на родителите и во нивниот меѓусебен однос. Стручњаците пак велат дека децата на возраст од 11 години и повеќе можат да забележат кога нешто не е во ред помеѓу мајкатаи таткото и тоа е за нив збунувачко.
„Децата реагираат полошо и се помалку позитивни“ кога родителите пред нив се прават дека е сѐ во ред, покажало истражувањето спроведено во Сан Франциско, во кое учествувале 109 семејства.
Др.Сара Волтерс од Државниот универзитет во Вашингтон заклучува дека е најдобро децата да видат „здрав конфликт“ помеѓу родителите.
„Тие се добри во проценување на емоциите. Ако чувствуваат дека нешто негативносе случило, а родителите се однесуваат нормално, тоа им испраќа збунувачка порака. Дозволете им да видат сѐ, тоа ќе им помогне подобро да ги регулираат своите емоции и да ги решаваат проблемите. Најдобро е да им даде на знаење дека сте скарани“.
Што мислите вие, дали родителите треба да имаат „здрава кавга“ пред децата, или сепак треба да се расправаат само во четири очи?
Фото: Unsplash