Децата што одат во градинка имаат помалку проблеми со однесувањето

Истражувањето покажало дека децата кои одат во градинка имаат помала веројатност за проблеми со емоциите и однесувањето, а поверојатно е и дека подобро ќе се снаоѓаат во друштво од оние за кои се грижат, дадилки, семејството или пријатели.

0
163

Познато е дека одењето во градинка може да ги поттикне говорот и размислувањето кај децата, а подоцна влијае и на академскиот успех. Во Франција е сега спроведено истражување помеѓу 1428 деца на возраст до три години з да се открие влијанието на градинката врз однесувањето на детето.

Генерално, едно од шест деца имаат проблеми со однесувањето како хиперактивност и ниска концентрација на вниманието, а сличен број има и емоционални проблеми. Едно од 15 деца имаат потешкотии со пронаоѓање на пријатели, додека едно од седум деца имаат лоши социјални вештини.

Истражувањето покажало дека децата кои одат во градинка имаат помала веројатност за проблеми со емоциите и однесувањето, а поверојатно е и дека подобро ќе се снаоѓаат во друштво од оние за кои се грижат семејството или пријатели.

Тим од стручњаци го следел емоционалниот развој на децата во Париз од раѓање до 18.роденден. Родителите одговарале на прашања за однесувањето, за емоционалните проблеми на детето, потешкотиите при создавањето пријателски односи, хиперактивност, слабо внимание, однесување и социјални вештини.

За 44 отсто од децата се грижела дадилка, 26 отсто оделе во градинка, а за 30 отсто се грижеле членови на семејството или пријатели.

Резултатите откриле дека децата кои оделе во градинка имале помалку емоцинални проблеми, а најмногу проблеми со однесувањето имале децата за кои се грижеле дадилки.

„Пристапот кон висококвалитетна грижа за децата во првите години од животот може да го поодбри емоционалниот и когнитивниот развој на децата, да спречи емоционални потешкотии и да поттикне просоцијални однесувања“, стои во заклучокот на авторите на истражувањето кои веруваат дека поттикнувачката игра, повеќе време за читање, правилата и давањето пофалби го помагаат развојот на детето уште во најрана возраст.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]