Стручњаците објаснуваат зошто премногу играчки можат да го забават развојот на детето

Испитувањето на стручњаците покажало дека децата кои имале помалку играчки,  си играле подолго време со една играчка, биле пофокусирани и покреативни.

0
247

Во рамките на своето испитување на деца помлади од три години им дале 4 или 16 играчки, а потоа ги набљудувале нивните навики. Децата кои имале помалку играчки,  си играле подолго време со една играчка. Заради тоа биле пофокусирани и покреативни.

Заклучокот на научниците е дека помалку играчки се подобри за развој на детето, односно дека повеќе играчки можат да ги загрозат.

Тоа секако не значи дека треба да престанете да купувате играчки или да им го забраните на децата играњето со играчки. Стручњаците велат дека на децата им требаат промени, како и дека различните видови играчки поинаку делуваат на детето.

„Чувајте ги играчките надвор од видното поле на детето и редовно менувајте ги. Цело време ќе се чувствуваат како да е Божик и ќе го доживуваат тоа како постојано да добиваат нови играчки. Оставете им на децата на располагање помалку играчки, а поголемиот број играчки тргнете ги, спакувајте ги и чувајте ги на друго место за да не ги попречувате децата со голем број шарени предмети“, велат стручњаците.

Освен тоа, родителите можат паметно да размислуваат кога купуваат играчки, односно да ги одбираат оние кои траат неколку години и ги поттикнуваат креативноста, развојот и фантазијата.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]