Дали сте и вие загрижени ако вашето дете не добива доволно лајкови?

Популарна блогерка од Атланта, која има повеќе од 52.000 следбеници на Инстаграм е загрижена поради слабата популарност на својот син на социјалните медиуми кои, како што вели, никогаш „не го сакале“. „Тоа ме убива одвнатре“, напишала таа и ја шокирала интернет заедницата.

0
176

Мајка на пет деца од Атланта која е воедно и популарна блогерка, снимила неколку видеа во кои изјавила дека фотографиите на нејзиниот шестгодишен син имаат помалку лајкови од оние на кои се нејзините останати деца.

Нејзиниот син минатиот викендго прославил шестиот роденден и тоа било повод заснимање Инстаграм приказни во кои опишувала колку е детето единствено и добродушно.

„На Инстаграм никогаш не му се допаѓал и тоа ме убива одвнатре. Неговите фотографии никогаш немаат многу лајкови. Никогаш не се коментирани. Статистички гледано, не е популарен како останатите“, рекла Бовер.

„Сакам да верувам дека не е проблемот во него, туку во мене. Јас го предизвикав овој статистички недостаток затоа што е очигледно дека тој би требало да ја добие сета можна љубов“, додала таа.

Бовер потоа рекла дека нејзиниот син заслужува лајкови, без оглед дали се од познаници или од целосни странци.

„Еден ден ќе ги види бројките и ќе мора да научи дека неговите вредности на интернет не се важни. Тоа му е тешко да го сфати било кој и благодарна сум затоа што јас тоа успеав да го научам. Се надевам дека ќе го разберете контекстот“, заклучила таа.

Иако се потрудила да ја објасни својата перспектива, корисниците на социјалните мрежи не ги прифатиле добро нејзините зборови.

„О боже, оваа мајка блогерка го слави роденденот на синот на Инстаграм зборувајќи за тоа дека тој статистички стои најлошо од сите нејзини деца. Се грижи дали тоа еден ден ќе му ја уништи самодовербата“, напишал еден корисник на Твитер.

„Ова е причина број 1 зошто никогаш не треба да се користат децата како свој личен бренд“, додава друг.

„Еден ден тој нема да треба да ги види бројките, оваа личност е грозна“, „Таа се грижи, но и мисли дека е нејзина грешка. Не сакам да верувам дека станавме вакво општество, сакам даги посвојам сите“, се уште некои од коментарите на шокираните родители.

Дали вие објавувате фотографии од своите деца на социјалните мрежи и дали мислите дека е тоа во ред?

Фото/Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]