Во рурално подрачје во Франција се раѓаат деца со деформации на рацете (ВИДЕО)

Франција почна национална истрага во врска со ова. Првите случаи се забележани пред 14 години, но оваа година се родиле уште 11 бебиња без раце или со деформации на рацете.

0
262

Во Франција владее паника затоа што на едно подрачје се родиле голем број бебиња со деформации на рацете или без раце.

Почнува голема национална истрага.

Првите случаи се забележани пред 14 години, но оваа година се родиле уште 11 бебиња со деформации на рацете.

Изгледа како да не е случајност бидејќи сите бебиња и нивните семејства живеат во истото рурално подрачје.

Стручњаците сега длабински ќе ги истражуваат околностите во кои се одвивале бременостите, надворешните фактори, загадувањето на околината, храната која ја јаделе трудниците и сѐ до што ќе можат да дојдат за да ги откријат причините за овие деформации.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]