„Додека детето спие, растат коските, а мозокот процесуира се што научуил во текот на денот. Нутритивно богатата храна помага за подобар сон“, објаснила Ненси З.Фарел, портпарол на Академијата за нутриционизам и диететика.
Стар совет е дека треба да се испие чаша млеко пред спиење, а во тоа наводно има вистина. Млечните производи содржат триптофан, аминокиселина за која истражувањата покажале дека го зголемува серотонинот кој смирува.
Нутриционистите предлагаат на децата, со млеко да им понудите здрав крекер и парче кашкавал, порција житарки или јогурт со зрнесто овошје. На ум мора да имате дека таков оброк пред спиење не смее да биде десерт. Нешто слатко можете да им понудите веднаш по вечерата.
„Важно е и правилно темпирање. Дајте му на детето ужина еден час пред спиење“, вели Фарел и објаснува дека телото на тој начин полесно ќе ја свари храната и ќе превенира детето да ја користи гладта како тактика за да го одложи одењето во кревет.
„Ако е предоцна дајте му на детето до знаење дека е време за спиење и дека ќе мора да почека до утрото за да јаде нешто“, советува Фарел.
Фото: Hal Gatewood on Unsplash