Освен за мачнините кои се јавуваат кај трудниците, овие коцки помагаат и кај мачнините предизвикани од патувањата. Рецептот го најдовме на блогот Everydayroots.
Потребни состојки:
Напиток со електролити по избор
Сад за мраз
Стапчиња од сладолед
Мелено „месо“ од портокал
Приготвување:
Помешајте го напитокот со електролити, со „месото“ од портокал па сé ставете во садот за мраз и потоа во замрзнувач.
Пред да се замрзнат сосема во секоја коцка ставете по едно стапче од сладолед и вратете ги во замрзнувачот.
Кога ќе почувствувате мачнина едноставно извадете една коцка и полека лижете ја. Мачнината ќе помине многу брзо.