Научете ги децата како да ги препознаат оние кои сакаат да им наштетат

Откако разговарала со своите деца за непознатите лица, мајката на две малечки дошла до заклучок дека децата всушност не знаат на кои луѓе можат да им веруваат.

0
188

Блогерката Мишел Томлинсон споделила неколку добри совети кои можат да им помогнат на родителите без заплашување да ги научат своите деца кои се тие лица од кои треба да се тргаат настрана, а на кои можат да им веруваат.

Разговорот со својата петгодишна ќеркичка Ајви, Мишел го почнала со прашањето: „Кој е непозната личност?“, како и „Со кои лица можеш да одиш некаде ако тие го побараат тоа од тебе?“

Тогаш почнала да ги набројува членовите на потесното и поширокото семејство како пример за лица од доверба. Потоа ѝ укажала на тоа дека полицајците, пожарникарите и оние кои работат во продавниците, се исто така луѓе на кои може да им се обрати во случај на некоја опасност.

Со Ајви зборувала и за лошото „чувство во стомакот“ кое се јавува во присуство на одредени лица. Ѝ објаснила дека нашиот ум и тело знаат кога нешто не е во ред. Тоа значи дека ако во присуство на непознато лице се почувствуваме чудно и ако ситуацијата во која се наоѓаме не загрозува, би требало веднаш да реагираме и и да им сигнализираме на луѓето од нашето опкружување дека сме во опасност.

Мишел издвоила неколку совети кои можат да им помогнат на родителите на едноставен начин да ги научите децата да направат разлика помеѓу добрите и лошите непознати лица.

Како да се препознае лице кое има лоши намери

Тоа е било која личност која во нас предизвикува чувство на непријатност.

За такви лица обично велиме дека во нас предизвикуваат некое „чудно“ нелагодно чувство во стомакот.

Овие личности можат да бидат и убави и грди.

Пријатниот надворешен изглед не гарантираат дека некој има лоши намери.

Непозната личност никогаш нема да бара услуга од дете.

Научете го детето дека ако му пријде непознато лице и на пример му побара да му помогне да си го најде изгубеното куче или да пробаат заедно да најдат некого  или нешто дека е тоа личност која има лоши намери.

Како да го научите детето дека некоја непозната личност има добри намери

Научете го детето кои се лицата на кои може да им се обрати во случај да се изгубат или да му е потребна некоја помош, а родителите не се во близина. Тие лица се: полицаец, учител или личност која работи во некоја продавница или ресторан.

Најдобро е секогаш да побараат помош на некое јавно место, кадешто има доста луѓе.

Кога и да имате можност покажете му на детето на кои лица може да им верува и на кои може да им се обрати за помош.

Како детето да препознае опасна ситуација

Ако непозната личност бара од детето да направи нешто што родителите му го забраниле.

Ако непознато лице побара од детето да чува некоја тајна.

Ако непознато лице побара од детето помош, на пример, го праша да му помогне да го најдат неговото куче.

Правилото „Кажи не, бегај, викај и кажи“.

Се советува да му објасните на детето дека е сосема во ред да ѝ каже НЕ на непозната личност која прави тоа да се чувствува непријатно или загрозено на било кој начин. Исто така, добро е да го посветувате во такви ситуации да бега колку што може побрзо и да вика колку што може повеќе, а потоа на родителите или на луѓето од доверба да им кажат што се случило.

Накусо, научете го детето:

Да му верува на својот инстинкт. Ако покрај некого се чувствува чудно или непријатно кажете му веднаш да се тргне од таа личност и да побара помош од родителите или од лица на кои им веруваат.

Да ги извести родителите за тоа каде се наоѓа во секој момент.

Да бега на сигурни места ако е во опасност. Тоа се главно некои јавни места кадешто има доста луѓе кои можат да му помогнат.

Да вика колку што може погласно „НЕ“ за да ги алармира останатите луѓе да му помогнат.

Секогаш да биде во нечие друштво, ако е тоа возможно.

На непозната личност да не ѝ открива лични информации какви што се име и презиме, улица и број.

Се разбира, да не ѝ отвара на непозната личност врата доколку е само дома и да не разговара со непознати преку телефон или на интернет.

[better-ads type='banner' banner='999' ]