Колку време е потребно да се навикнете на улогата на мајка?

Од моментот кога ќе се роди бебето, жената добива најзначајна улога која освен што со себе носи прекрасни моменти, може да биде и многу стресна, особено кога првпат се среќавате со мајчинството.

0
150

Мајчинството е едно од најубавите искуства што може да ги доживее една жена, но истовремено е и застрашувачко. Најновите истражувања покажуваат дека на жените им се потребни повеќе од три месеци да се навикнат во целост на улогата на мајка. На некои и повеќе.

Истражувањето кои ги спровеле американските стручњаци покажало дека во првите недели од животот на бебето, мајките имаат чувство дека се прават погрешно, а за да се ослободат од тоа чувство, потребни им се повеќе од три месеци.

Мајките најмногу се грижат за здравјето и за хранењето на детето, а 33 отсто од испитаните жени рекле дека трошоците за детето им се голем проблем.

Многу мајки се борат и со стравот од осуда, а речиси половина од испитаните мајки признале дека се изненадени од времето кое им е потребно за да се навикнат на мајчинството.

[better-ads type='banner' banner='999' ]