Во истражувањето учествувале 2000 лица. Според него, оние кои немаат деца во просек трошат 1006 фунти месечно, додека просечната потрошувачка на оние кои имаат деца е 1406 фунти.
Родителите трошат повеќе пари за наем и за режиски трошици, но повеќе трошат и на храна, одмор, облека, одење во кино, теретана, за обувки, спортски активности и алкохолни пијалоци.
Две третини од родителите изјавиле дека чувствуваат вина ако парите го трошат на себе, додека исто се чувствуваат само помалку од пола од оние кои немаат деца.
Истражувањето открило уште еден интересен податок, а тоа е дека дури 70 отсто од родителите не биле финансиски подготвени на дополнителните трошоци што ги носи родителството.
„Како родител знам дека е награда да се имаат деца, но е и многу скапо“, изјавил Сајмон Вилсон.
„Од моментот кога ќе дознаете дека ќе станете родител, наеднаш се појавуваат трошоци кои инаку ги немате. Со време се појавуваат нови трошоци, а особено е тешко кога станува збор за облека и обувки затоа што децата растат со неверојатна брзина“, додал тој.
Сепак парите не се единственото нешто им недостасува на родителите. Повеќето се сложни во тоа дека им треба повеќе слободно време и повеќе сон, но наспроти се третина од нив сметаат дека се децата најдоброто нешто што им се случило некогаш.