Еве зошто е опасно да се практикува повремено постење додека се дои

Понекогаш е тешко да се изгубат наталожените килограми насобрани во текот на бременоста. Затоа новопечените мајки истражуваат различни диети, а посебно е во фокусот повремениот пост во чија делотворност се колнат познатите ѕведи како Хали Бери..

0
322

Повремениот пост е всушност диета во текот на која е дозволено да се јаде одреден број на саати во денот, а преостанатото време мора да се пости.

Постојат неколку верзии на таква диета. Еден пример е диетата 16:8 во текот на која 8 часа во денот можете да јадете што сакате се додека не поминете 1500 калории, додека 16 часа постите. Друга варијанта е диетата 5:2 во која е дозволено да се храните нормално пет дена во неделата, а да постите два дена, односно, да внесувате само 500 до 600 калории.

Истражувањата покажале дека таквите диети навистина имаат доста влијание врз намалувањето на телесната тежина, но дали се безбедни додека доите.

Стручњаците велат дека тие не се добра идеја за доилките.

„Повремениот пост може да биде опасен во текот на доењето и за мајката и за детето затоа што е потребно воздржување од храна и од течности. Доењето бара постојан извор на течности за да може да се одржи производството на млеко и да се задоволат потребите на детето. Ако го ограничите внесувањето на храна и течности со било кој вид на пост, можете да влијаете на производството на млеко, да го смените неговиот нутритивен состав, да имате помалку енергија или да дехидрирате“, објаснил Тори Армул, портпарол на Академијата за нутриционизам и диететика.

Водата е дозолена во текот на повремениот пост, но и воздржувањето од храна може да доведе до дехидрација, објаснува Армул, затоа што со храната внесуваме околу 20 отсто од течностите во организмот во текот на денот.

Негов совет е мајките да не посегаат по нездрави и калорични намирници и да консумираат повеќе помали оброци во текот на денот и на тој начин да се обидат да влијаат на намалување на тежината.

[better-ads type='banner' banner='999' ]