Истражување: Децата што одат во градинка, имаат подобро однесување

Ако чувствувате вина затоа што го носите детето во градинка, сега можете да здивнете. Дали вие чувствувате вина кога го оставате детето во градинка?

0
382

Според резултатите на истражувањето на еден париски универзитет, децата кои одат во градинка се однесуваат подобро од оние кои го минуваат времето дома, со родителите, со дадилка, со баби или дедовци. Децата искусиле и други предности како што се социјалните вештини и побрз когнитивен развој.

Научниците набљудувале 1500 деца на возраст од два месеци старост до осмиот роденден. Во текот на тој период родителите пополнувале прашалници во кои го забележувале однесувањето на детето и нивото на нивното ментално здравје.

Децата на возраст од три години кои оделе во градинка биле подруштвени и имале подобро однесување, објавено е во списанието Journal of Epidemiology and Community Health.

„Пристапот кон квалитетна грижа во детската градинка во текот на првите три години од животот може да го поправи емоционалниот и когнитивниот развој, да ги превенира подоцнежните емоционални потешкотии и да помогне во однесувањето во друштво“, рекла една од авторките на студијата, др.Мариа Мелчиор.

Податоците не значат дека родителите кои одлучиле да ги одгледуваат децата дома треба да го сменат своето мислење, туку дека оние кои ги запишале своите деца во градинка, не би требало да се чувствуваат лошо поради својот избор, порачале авторите на истражувањето.

[better-ads type='banner' banner='999' ]