Во недела, на 7. октомври, во Градскиот парк во Скопје кај Школка, традиционално, 10. година по ред ќе се одржи настанот „Напред розово“, со кој воедно се одбележува 10-иот јубилеј на оваа национална кампања за подигање на свесноста за ракот на дојка, во организација на Здружението за борба против рак „БОРКА – за секој нов ден”.
Mесец за свесноста за ракот на дојката е годишна меѓународна здравствена кампања од страна на големите добротворни организации за рак на дојка, со цел секој октомври да се зголеми свеста за болеста и да се соберат средства за истражување, превенција, дијагноза, третман и лекување на овој карцином. Кампањата, исто така, нуди информации и поддршка на оние кои се засегнати од рак на дојка.
Октомври е национален месец за свесност за рак на дојка, кога јавните организации, медицинските професионалци, владините агенции и невладините организации работат на промовирање на свеста за оваа болест. Промовирање на свеста вклучува едукација за превенција и лекување, прибирање финансиски средства, правење напори во изнаоѓањето лекови, како и поддршка за преживеаните и оние кои се занимаваат директно со болеста.
Ракот на дојката е петтата најсмртоносна форма на рак во светот и на оваа 25-годишнина од националниот месец за свесноста за рак на дојка, организација која го започна истиот, сака да ги потсети жените насекаде во светот да практикуваат редовни самопрегледи на градите, редовни посети кај лекарите и годишни мамограми, сѐ со цел заштита на нивното здравје.
Според National Cancer Institute, една од 14 жени со рак на дојка е под 40. годишна возраст кога се дијагностицира и една од осум жени дијагностицирани со рак на дојка е помлада од 45, кога е дијагностицирана.
Националниот месец за свесноста за рак на дојка бил основан во 1985 година како партнерство меѓу American Cancer Society и фармацевтскиот оддел на Imperial Chemical Industries (сега дел од Astra Zeneca, творецот на неколку анти-канцер лекови за рак на дојка).
Целта на националниот месец за свесноста за рак на дојка од почетокот е да се промовира мамографијата како најефикасно оружје во борбата против ракот на дојка.
Во 1993 година Evelyn Lauder, виш корпоративен заменик претседателот на Estee Lauder компаниите ја основала фондацијата за истражување на рак на дојка и ја формирала розовата панделка како свој симбол, иако ова не е прв пат истата да се користи за да се симболизира рак на дојка. Есента 1991 година, Susan G. Komen Фондацијата, делела розеви панделки на учесниците во трката за преживеани од рак на дојката во Њујорк.
Во октомври 1983 Националната трка за излекување се одржала за прв пат во Далас, Тексас, каде што 800 луѓе учествувале. Според организаторите, до 2002 година бројот на учесниците достигнал 1.3 милиони, а настанот се одржал во повеќе од 100 градови во САД. Настанот е организиран и во неколку други делови на светот.
Во текот на месецот за свесноста за ракот на дојката, секој октомври луѓето собираат пари преку организирање активности како што се тематски забави или „розов ден“ (кога вработените носат розова облека или додатоци) на работа. Собраните средства се донираат на центри за грижа за заболени од рак на дојка или истражувачки програми според изборот на организаторите.
Препораки за рано откривање на ракот на дојката:
Рани 20-ти: самопреглед на градите е опција за жените почнувајќи од нивните 20-ти. Жените треба веднаш да ја пријават секоја промена на градите кај нивните лекари.
Возраст 20-39 години: жените во нивните 20-ти и 30-ти треба да имаат клинички преглед на градите, како дел од редовните здравствени прегледи од страна на професионално здравствено лице, барем на секои 3 години.
Возраст 40 и повеќе години: жените на 40 годишна возраст и постари треба да прават скрининг мамограм секоја година и треба да продолжат да го прават тоа се додека се во добра здравствена состојба.
Жени со висок ризик (поголем од 20 проценти животен ризик) треба да прават МРИ и мамограм секоја година. Жените со умерено зголемен ризик (15 до 20 проценти животен ризик) треба да разговараат со своите лекари за придобивките и ограничувања за додавање на МРИ скрининг кон нивните годишни мамограми. Годишен МРИ скрининг не се препорачува за жени чијшто животен ризик од рак на дојка е помал од 15 отсто.
Во текот на изминативе 10 години, бројот на новозаболени од рак на дојка во Македонија е двојно зголемен. Затоа информирањето и едукацијата за оваа болест е од огромно значење, бидејќи ракот на дојка може успешно да биде излекуван доколку се открие во ран стадиум.
Здружението за борба против рак „БОРКА – за секој нов ден” веќе 11 години континуирано се грижи за пациентите и нивните семејства, а преку организирање на оваа кампања испраќа порака до сите креирачи на здравствените политики да ги препознаат потребите на овие пациенти и да го стават ракот како приоритет во нашиот здравствен систем.