НЛБ Галерија: Промоција на „Концепт мама”

Утре (2.10), во НЛБ Галерија со почеток во 19 часот ќе бидат промовирани книгите „Концепт мама” и „Концепт мама дневник” од Александра Шекутковска Докоска, првата македонска сѐ-во-едно книга и дневник за родителството. .

0
59

„Концепт мама” е првата македонска сѐ-во-едно книга и дневник за родителството. Александра Шекутковска Докоска користи комбиниран жанр од дневник и прирачник, обединувајќи го личното искуство со стручни сознанија и практични совети.

Низ своите размислувања и истражувања таа опфаќа сѐ што би им било неопходно на современите родители. Изборот на теми е според најсовремените препораки и трендови и претставува моќна алатка за самоподдршка, конструирање на целовит и балансиран пристап и градење самодоверба во себе како родител.

Александра Шекутковска Докоска (1984) е родена во Скопје, Македонија. Дипломирала како архитект-инженер на Архитектонскиот факултет во Скопје 2009 година. Во септември 2012 завршила напредни магистерски студии за урбан дизајн на ЕТХ Цирих. Работела како архитект, урбан дизајнер, истражувач и асистент на универзитети и студија во Скопје, Цирих, Бангкок и Франкфурт.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]