Дали сте свесни за отчукувањето на биолошкиот часовник?

Очекувањето идеална ситуација може да ве заведе никако да не донесете конечна одлука за основање семејство, а сигналите на отчукувањето на биолошкиот часовник се крајно суптилни па често жената не е ни свесна за нив.

0
492

Колку и да сакате да станете мајка, во овој модерен свет понекогаш е тешко само да се слуша инстинктот кој кажува кога биолошки сте најподготвена да имате бебе и да се грижите за него.

Кариерата, трката по пари и обидите да се реализирате на професионален план, понекогаш одат против вашиот биолошки часовник, кој полека, но сигурно отчукува. Сето тоа ги одвратува мислите од годините што поминуваат и не обрнувате внимание на стареењето на телото, особено поради тоа што сигналите на отчукувањето на биолошкиот часовник се крајно суптилни и жената често не е ни свесна за нив.

Женскиот организам се раѓа со однапред утврден и непроменлив број јајце-клетки. Тие стануваат активни со настанувањето на пубертетот, а нивната активност згаснува со менопаузата.
Во текот на репродуктивниот период секој месец би требало по една од овие јајце-клетки да стане доминантна и да се исфрли во абдомiналната празнина како зрела јајце-клетка подготвена за оплодување. Со процесот на стареење се трошат достапните јајце-клетки, а дел од нив стануваат недоволно квалитетни за оплодување – процес кој многумина го опишуваат како отчукување на биолошкиот часовник.

Што е биолошки часовник?

Биолошкиот часовник, всушност, е израз кој се користи за да се опише еден вид внатрешен механизам во сите живи организми, кој ги регулира разните видови циклични промени во живите суштества. Тој е лоциран во една мала зона на хипоталамусот, кој е дел од големиот мозок.

Врз отчукувањето на биолошкиот часовник влијаат и генетските фактори, хормоналните варијации, но, веројатно, и други досега необјаснети елементи.

Плодноста кај жената до 35. година од животот се преполовува, па најголем дел од тие жени се решаваат за третмани за вештачко оплодување.

Еве какви се можностите за забременување, според возраста на жената:

од 20 до 24 години – 86 отсто

од 25 до 29 години – 78 отсто

од 30 до 34 години – 63 отсто

од 35 до 39 години – 52 отсто

од 40 до 45 години – 36 отсто

од 45 до 49 години – 5 отсто

Што е со биолошкиот часовник на мажите?

И плодноста кај мажите почнува да опаѓа околу 40-тата година од животот.

Позабележително се намалува кај мажите што пушат, пијат или користат наркотици. Досега плодноста кај припадниците на посилниот пол традиционално се утврдуваше според бројот на сперматозоиди, а сега лекарите заклучиле дека значаен фактор е и оштетувањето на ДНК на спермата. Таа негативна појава е поврзана со животните навики како консумирање алкохол, пушење и преголема телесна тежина.
Со промена на животниот стил кон поздрав начин на живеење ќе се зголеми квалитетот на спермата и шансите за зачнување.

[better-ads type='banner' banner='999' ]