Педијатар открива кога бебињата треба да почнат да ползат и да се движат

Во првата година од животот бебињата се развиваат прилично брзо. Нема да имате време ниту да се свртите, а тие веќе ќе ве изненадат со некоја нова способност.

0
998

Во првите месеци по раѓањето, бебињата многу брзо се менуваат. Додека да се освестите, тие веќе почнале да ползат. Можат да поминат недели и недели во обиди, додека во еден момент не се охрабрат и не тргнат, а тогаш веќе нема да можете да ги запрете.

Родителите често ги интересира кога можат да очекуваат нивното бебе да почне да ползи. Стручњаците се согласуваат дека тоа обично се случува помеѓу шест и десет  месеци, иако не се сите деца еднакви, а некои можат и да ја прескокнат таа фаза па веднаш да застанат на нозе. Некои дури и на 9-10 месеци кога првпат ги прават првите чекори, особено ако ги оставате да си играат сами во оградичка.

„Некои бебиња не ползат. Наместо тоа, седат, се движат лизгајќи се на газот или само почнуваат да стануваат и да се придржуваат за мебелот“, објаснува педијатарот Тим Убхи.

„Некои целосно ја избегнуваат таа фаза и од лежечка положба стануваат и проодуваат. Важно е детето да ги зајакне сите мускулни групи затоа што така ќе стане помобилно и ќе може да стане и да оди“, додава тој.

Сепак, овој експерт додава дека во еден момент родителите би требало да се посоветуваат со својот педијатар ако забелажт дека детето не е премногу активно физички.

„Ако нема знаци за мобилност до наполнети десет месеци, би требало да побарате совет од стручњаци затоа што постојат вежби со кои децата можат да се поттикнат на движење“, напоменува др.Убхи.

[better-ads type='banner' banner='999' ]