Училишта во кои децата сами одлучуваат што, како и кога ќе учат

Ако си дете, оваа идеја е фантастична: да дојдеш на училиште и да правиш што сакаш! Тоа би можело да значи играње видео-игри цел ден, правење тврдини во шумата, или трошење часови на читање на книгите за Хари Потер.

0
109

Можете ли да замислите училиште во кое децата учат и работат исклучиво она што го сакаат? Тоа може да значи играње игри, градење дрвена куќичка, читање Хари Потер или проучување на гасеници во училишниот двор.

На страницата на Yesmagazine.org најдовме текст за слободните училишта кои на децата им го дозволуваат токму тоа – самите да го учат она што ги интересира. Овој вид на учење се нарекува „самонасочено образование“ или „самонасочено учење“ (self-directed education).

Децата во оваа метода на учење сами одлучуваат како ќе го поминат времето на училиште, а под претпоставка дека имаат природена желба за учење, љубопитност и мотивација кои најдобро доаѓаат до израз во активностите кои вистински ги интересираат.

Се уште сите образовни системи во развиените земји се темелат на стандардизирани тестови и прашања на одговорност. Една студија од 2015.покажала дека децата во урбаните подрачја поминуваат во просек 20 часа исполнувајќи тестови во текот на една учебна година. Истовремено, резултатите кои ги постигнуваат или не ги постигнуваат на тие тестови не се  сигурни или валидни, затоа што всушност не зборуваат ништо за вистинската интелигенција, вештините и способностите на секое одделно дете.

Самонасоченото образование го става фокусот на детската фантазија и интереси. Се уште немаме конкретни студии, но првите кои се спроведени одат во прилог на новите методи на подучување.

Ги подготвува ли самонасоченото образование децата за живот?

Првото прашање што ќе си го постави секој родител кога ќе слушнебза самонасочено образование е: Успеваат ли децата да совладаат и да научат се што им е потребно за функционирање и снаоѓање во вистинскиот свет? Дали е таквиот вид на учење погоден за децвата од сите социоекономски групи или е осмислен за оние семејства во кои децата добиваат дома дополниутелно структурирано воспитување и фактичко образование?

Заговорниците на самонасоченото образование велат дека таквите прашања се бесмислени, затоа што не ја погодуваат самата суштина. Во овој модел на учење децата воопшто не се подучуваат. Не постои вертикала учител-ученик низ која децата би требало да се учат на било што. Децата откриваат што ги интересира вистински и се подучуваат самите себе, без оглед на тоа од каква социоекономска средина доаѓаат. Целта е да се „отклучи“ вродената креативност во секое дете.

Облик на учење кој е постар од образовниот систем

Едукаторите кои работат на програмите на самонасоченото образование велат дека овој облик на слободно учење постоел многу пред организираното, формално образование, училиштата и педагогијата. Во ловечко-собирачките општества децата учеле исклучиво низ игра и експериментирање од најрана возраст, додека не откриле што конкретно ги интересира и во што се добри, па подоцна го усовршувале тоа низ пракса.

Првото училиште кое спроведувало самонасочено образование е Summerhill School во Обединетото Кралство, отворено во 1921. Година. Тоа работи и ден денеска. Во текот на 60-тите се отворени многу такви училишта во САД,  но денес некој облик на самонасочено опбразование имаат само 40-тина. Во Америка постојат и таканаречени „unschooling“ програми во кој се поголем број деца се подучуваат дома и тоа врз принципите на самонасоченото образование.

Како изгледа самонасоченото образование?

Пред се, не постои никаков официјален или формален курикулум. Помладите ученици најчесто го минуваат училишниот ден на отворено, во игра и истражување. Градат кули во песок, се качуваат по дрвја, трчат и се телесно активни. Постарите ученици се повеќе посветени на читање (но на оние книги кои нив ги интересираат, како на пример, за Хари Потер), на свирење или слушање музика, излети во паркови, во природа или во музеи и библиотеки, во програнирање и цртање игрички.

Ако ученикот го интересира конкретно знаење од некоја област, на пример, од физика, училиштето ќе најде учител да му одржи часови по физика. Истовремено, детето ќе биде поттикнувано само да истражува и да учи. Децата не усвојуваат информации (години, матенматички формули ио слично), а учењето на читањето не се форсира на ниту една возраст. Кога детето ќе развие вроден интерес за читање, тогаш му се помага да ги научи буквите.

Децата од различна возраст учат и си играат заедно, постарите ги учат помладите или обратно. Учат да соработуваат и меѓусебно да си помагаат

Изгледа како децата побрзо и подобро да учат од други деца, отколку од возрасните.

Понекогаш училиштето може да организира тематски ден – ден на уметноста и цртањето, научлен ден или спортски ден, но децата кои не сакаат или тоа не ги интересира, не мораат нужно да учествуваат.

Што велат децата?

„Имаме слободна волја да учиме што било, наместо да ни се зборува што да мислиме. Не учев работи кои не ме интересираат и мислам дека училиште предмети не се премниогу корисни во секојдневниот живот“, објаснува 12-гподишната Лујза која своите денови ги минува во цртање, читање, грижа за градината, готвење и играње. Лујза нема да знае тригонометрија, но ќе научли низа вештини ио знаења од она подрачје во кое е добра.

За да функционира ова самонасочено образовабние, родителите треба прво да направат пресврт во своите верувања и ставови и не смеат да ја споредуваат оваа метода на учење со традиционалните учиулишта кои се базираат на компетитивност и постојан напредок.

Кога правиме нешто ново во што уживаме, обично се трудиме, набљудуваме што функционира, постепено се прилагодуваме и ги поправаме грешките. Повеќето од нас научиле многу нешта на тој начин: готвење, користење на компјутер, возење по автопат. Наспротив ова, кога бевме во училиште, помневме фотови факти и процеси, но често не успевавме да ги интегрираме во поширокото разбирање на светот. Наместо опуштено да им се отвараме на можностите, моравме да бидеме сконцентрирани на тоа дали сме дале точен или неточен одговор на некое прашање. Ова последново може да изгледа како учење затоа што сме навикнати така да размислуваме за учењето, но речиси сите стручњаци ќе ви каѓжат дека тоа не е иста работа.

Учењето е природен процес, внатрешен процес кој постои во индивидуалниот ум на секоја личност. Знаењето е производ на духовнпо истражување, а не обид да дадеме точни одговори.

Децата кои посетувале вакви училишта подоцна потврдиле дека научиле да навигираат низ животот на флексибилен начин, научиле да комуницираат и да соработуваат, да пронајдат исполнбување на своите потреби.

Многу училишта кои користат самонасочено учење исто така им овозможуваат на учениците да носат одлуки за училиштето заедно со возрасните, што им помага да развиохјат чувство на одговорност и организациско-управувачки компетенции. Заради давањето толку одговорност за своите постапки од најраната возраст, тие деца подоцна се и тоа како способни добро да го организираат своето време и самостојно да го учат она што не го знаат. Но, најважно е тпоа што се многу добри во одредувањето на тоа каде лежат нивните страсти кои потоа ги следат и ги усовршуваат. А тоа значи, посреќен и поисполнет живот.

[better-ads type='banner' banner='999' ]