Замрзнете цел океан полн со животинки и дозволете им на вашите деца да ги спасуваат топејќи го мразот со топла вода. Оваа забавна игра ја најдовме тука.
Потребни ви се:
Пластични или гумени фигури на морски животни, украсна пластична морска трева (може и онаа што оди во аквариумите), пластичен сад, неколку капки прехранбена боја (сина). Можете да купите и крупна морска сол и да ја обоите со прехранбена боја (течна). Само измешајте ги заедно во некој сад.
Во тркалезна пластична чинија ставете вода (1/4 од садот), ставете малку обоена морска сол ои прехранбена боја, па ставете ги потоа фигурите на пластични желки, китови и други морски животни или оние од цртаниот филм „Ледено доба“. Додадете и малку пластична трева и слични украси. Замрзнете го првиот слој во замрзнувачот. Додадете уште вода, а потоа и уште пластични фигури на животинки и повторувајте ја постапката додека не се наполни целиот сад.
Наполнете шишенца со топла вода па откако ќе се замрзнат заробените морски животинки, викнете ги децата да си играат и да ги спасуваат животинките. Ставете ги заледените животинки во голем сад или во леген, па децата нека почнат со својата спасувачка мисија.