Дали ги облекувате децата во гардероба од втора рака?

Веројатно сите родители на почетокот од учебната година се соочуваат со истото: обновување на гардеробата, нови патики, јакни, спортска опрема,...се заедно, една цела плата. Дали за своето дете земате облека од пријателите или роднините кои имаат поголеми деца, дали им купувате од продавници за облека од втора рака или пак купувате исклучиво ганц нова облека?

0
1214

Иако почетокот на учебната година е финансиска болка за сите родители, без оглед каде живеат, се чини дека многу земји ова го решиле на безболен начин.

На пример, во Германија е сосема нормално гардеробата и други предмети за децата да се купуваат во продавници за втора рака, и покрај тоа што е таму стандардот повисок. Кај нас пак, барем кога станува збор за прво дете, родителите обично купуваат нова и скапа облека иако децата брзо ја прераснуваат, а многумина знаат и да се навредат ако им понудите прерасната облека од своите деца.

Нашите соседи, во Србија на пример, како што пишува порталот „Детињарије“, се згрозуваат од самата помисла да му купат на детето половна облека.

Ваквата појава е сосема нормална и во другите земји. Во Америка плакарите на децата редовно се снабдуваат на „гаражни продажби“, а постојат и сајтови на кои родителите си разменуваат облека или купуваат дизајнирана, но половна облека за своите деца.

Зошто голем број родители веруваат дека е „срамота“ на децата да им се купува половна облека?

Според психолозите, ваквите сфаќања се одредени од доминантните културолошки и личнио уверувања на родителите. Психолошки гледано, мотивите можат да бидат различни, од потрошувачкиот менталитет и уживањето во купувањето дури и кога истото ги надминува реалните финансиски можности, со што децата се учат дека основните вредности имаат материјален карактер. На многумина им е важно нивните деца да не се издвојуваат со изгледот од другите и да ги заштитат од врсничкото исмејување. Се случува некои родители да стравуваат дека ќе бидат сметани за „лоши“ родители ако не ги опремат своите деца со трендовска облека. Некои подлегнуваат на притисоците на децата кои сакаат облека од рекламата што ја виделе или нешто што виделе на своите другарчиња. Други се водат од она дека за децата секогаш треба да се обезбеди најдоброто, дури и ако за истото се немаат пари.

Што мислите вие за ова, дали прифаќате облека за своето дете доколку некој ви ја понуди, а е се уште употреблива или ја отфрлате понудата дури и без да ја видите?

[better-ads type='banner' banner='999' ]