Француските ученици ја почнаа учебната година без мобилни телефони

Повеќе од 12 милиони ученици во Франција ја почнаа првата учебна година без мобилни телефони, по забраната која беше воведена ова лето. Забраната за мобилните важи и во текот на одморите во училиштето. Што мислите вие за оваа мерка?

0
219

Според Предлог-законот усвоен кон крајот на јули, се забранува употребата на сите уреди поврзани со интернет (мобилни телефони, таблети, часовници) во училиштата во Франција во кои одат ученици на возраст до 14-15 години.

Забраната се однесува и на училишните одмори, со исклучок на вонредни ситуации и за децата со инвалидитет.

Учениците се должни да ги исклучат своите апарати или да ги остават во касетите во училиштата.

Според законот, наставниците можат да ги одземат уредите до крајот на училишниот ден во случај некое дете да не ја почитува забраната. Таа забрана веќе неколку години ја применуваат голем број училишта, но овојпат директорите на тие установи ќе можат да се потпрат на законот. Средните училишта имаат можност, но не и обврска да ја воведат оваа мерка.

Речиси девет од десет млади на возраст од 12 до 17 години (86 отсто) во Франција имаат мобилен телефон.

Министерот за образование Жан-Мишел Бланке рекол дека целта на оваа мерка е да им помогне на децата да се сконцентрираат на наставата, подобро да се социјализираат и да го намалат користењето на социјалните мрежи.

Забраната е исто така наменета за тоа да се бориме против малтретирањето преку интернет, спречување на кражба и насилство во училиштето.

[better-ads type='banner' banner='999' ]