Порталот Мајка и дете во соработка со Културната установа „Блесок“ (blesok-shop.mk) ви предлага листа со три книги за деца за ова лето. Станува збор за поучни и забавни приказни, не само за децата, туку и за родителите. Книги во кои ќе ужива целото семејство!
Секоја недела доделуваме по една книга за деца. Сѐ што треба да направите е да ја следите „Фејсбук“ страницата на „Мајка и дете“ (https://www.facebook.com/Majka-i-dete-298560416859647/ и да одговорите точно на наградното прашање поврзано со книгата на неделата. Тој што прв ќе одговори ќе биде награден со книга.
„Дојди на едно чудно место“ од Весна Алексиќ (превод од српски Калина Буневска Исаковска) е роман за тинејџери.
Оригинален тинејџерски роман, поезија во проза која прикажува автентично искуство од поплава од аголот на главниот лик, 13-годишната Наѓа. За само неколку часа едно гратче, таа двеилјади и четиринаесетта година, ќе доживее библиски потоп. Што водата однела, ама и што на кого донела-ќе дознаеме од Наѓа, нејзината необична баба, како и од Тетоза, најдобриот другар на Наѓа. Во книгата ќе откриете што тажно и смешно се случувало, кој престанал да се лути, а кој се вљубил, кој пораснал и каква врска со сето тоа има еден велосипед и Дилан Дог.
Наградното прашање за оваа книга е:
Како се вика најдобриот другар на Наѓа: 1. Дилан Дог, 2. Мики, 3. Тетоза