Која е единствената земја во светот која со закон го штити детското право на игра?

Велс одлучи дека детската игра е толку важна што треба да биде поддржана со закон.

0
515

Иако возрасните знаат да кажат дека детската игра е лесна задача и нешто незначајно, ваквите дефиниции не само што се погрешни туку се и опасни затоа што детската игра е од суштинска важност за детето.

Сепак, повеќето земји кон детската игра се однесуваат како кон нешто неважно, па при изградбата на населби не оставаат доволно простор за игралишта, а училиштата ги оптоваруваат децата со обемен материјал за учење па ним и не им останува време за игра.

Тогаш играта станува луксуз, а знаеме што се случува со луксузот: не можат да си го дозволат сите, поточно, оние што немаат пари.
Но, постои еден исклучок. Во Велс, држава во составот на Велика Британија, постои закон што налага проверка на секој план за станбена градба или градба на патиштата за на тој начин да се утврди дека градбата нема да влијае врз детската игра. Покрај тоа, во градовите чиј буџет не е голем постојат бесплатни центри за игра, каде што играчките се донирани, а работата на центрите се финансира со скромни средства од градскиот буџет или преку грантови.

Во сиромашните општини, каде што едно од три домаќинства живее под прагот на сиромаштијата, некои деца не одат  на одмор во лето, па општинската власт настојува да организира забава во нивните населби. На пример, градот Флинтшајр организирал 70 игралишта на отворено секој ден во текот на распустот.
ОН им дадоа на децата право да играат, но Велс е првата земја во светот што ова право го претвори во закон.
Секоја локална власт во Велс мора да им обезбеди доволно места за игра на децата на својата територија – вели мерката изгласана од пратениците во Кардиф во 2010 година. Овој закон ги поттикнува градските власти да ги прашуваат децата какви настани и активности сакаат и потоа да ги исполнат нивните желби во годишните планови. Со тоа Велс е првата земја во светот што детската игра ја сфати сериозно.

Играта ги учи децата дека мора да ги решат разликите помеѓу нив. Детето што има проблеми во училницата може да се претвори во пример на игралиштето. Најмногу од сѐ, на децата им дава простор да бидат свои меѓу своите врсници, без да бидат влечени, поттикнувани и споредувани од возрасните. Остатокот од светот треба да го следи примерот на Велс, со тоа што сериозно ќе ја сфати детската игра и ќе го заштити правото на децата да играат.
„Децата се нашата иднина. На игралиштата учат за почит, како да се справат со големите подеми и големите падови: сето тоа го учат тука. И кога ќе одат дома, тие не седнуваат да играат на таблет затоа што се премногу уморни, па така спијат спокојно“, вели тренерот Стив Тејлор.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]