Со кој зеленчук не треба да се претерува во исхраната на децата?

Сигурно знаете дека децата мораат да јадат многу овошје и зеленчук, но со ништо не треба да се претерува, а корисноста на некоја намирница често зависи и од периодот на денот.

0
576

Кога станува збор за здравата исхрана на децата, родителите најчесто сметаат дека се тоа поголеми количини свежо овошје и зеленчук и дека треба да се избегнуваат слатки и грицки. Сепак, не треба да се претерува со ништо, а корисноста на некоја намирница често зависи и од периодот на денот.

„Сувото грозје е одлична замена за слатки, но сепак треба да се избегнуваат навечер поради енергијата која доаѓа од шеќерот“, објаснуваат нутриционистите.

Како и останатото суво овошје, содржат големи количини шеќер заради што децата се поживи и потешко им е да заспијат. Од индустриските слатки и овошни сокови децата добиваат исклучиво шеќер, и тоа преку вештачките засладувачи кои создаваат навика па постојано сакаат уште. Но и премногу моркови можат да предизвикаат проблеми, како каротенемија.

Каротенот е молекула која ги топи мастите и преголеми количини се собираат во надворешниот дел од кожата, а тоа резултира со портокалова боја на кожата на дланките, табаните, на подрачјето од колената и околу носот.

Салицилати се материи кои се наоѓаат во одделни видови зеленчук, како брокула, грав и кисели краставички. За нив се верува дека можат да предизвикаат немир и проблеми со концентрацијата кај децата кои се инаку склони кон слаба концентрација. Тоа не значи дека брокулата треба да се исфрли од менито, но не треба ни да се претерува. Според некои истражувања, кељот е исто така намирница со која не треба да се претерува затоа што преголемите количини можат да предизвикаат хипотиреоза (забавена работа на штитната жлезда).

Спанаќот е богат со белковини, влакна, витамини и минерали, но содржи и големи количини оксалати, материи кои го поттикнуваат создавањето на бубрежни камчиња, па и со него треба да се биде умерен.

Премногу портокали и домати можат да предизвикаат гастроезофагеален рефлукс. Затоа стручњаците советуваат да не се земаат повеќе од две дневно. Проблем може да биде и премногу леб затоа што содржи вештачки додатоци. Чест конзерванс е калциум пропионат кој може да предизвика гастроинтестинални инфекции, затнување на носот и несоница.

[better-ads type='banner' banner='999' ]