Хиперактивноста и изливите на бес доведени во врска со однесувањето на родителите

Децата со недоволно соодветна поддршка и внимание од родителите се главно фрустрирани и хиперактивни, покажува студијата

0
427

Неодамнешното истражување сугерира дека забавувањето на родителите со играчки на мобилен, наместо да гледаат како нивните деца градат кули во песок, им штети на меѓусебните односи на родителите и децата и доведува до проблеми во однесувањето на децата.

Децата со недоволно соодветна поддршка и внимание од родителите се главно фрустрирани и хиперактивни, покажува студијата која ја објавило списанието Pediatric Research. Тие кенкаат, се лутат, имаат изливи на бес, предупредуваат научниците по спроведеното истражување во текот на кое го следеле однесувањето на 183 двојки родители и на нивните деца на возраст до 5 години.

Во текот на шестмесечниот период на истражување родителите известувале за сопствената употреба на технологијата и го опишувале однесувањето на децата.

Во речиси сите случаи времето поминато со разни апарати, дури и кога било само еднаш дневно, ја прекинувало комуникацијата помеѓу родителите и детето. И мајките и татковците забележале дека тие прекини влијаеле на однесувањето на детето и го зголемувало нивното ниво на стрес.

Таквите ситуации се раширена реалност во животот во 21 век. Родителите се навикнати да се свртат кон популарни средства за да „направат пауза“ па така, на пример, американските родители поминуваат најмалку 9 часа дневно гледајќи телевизија или сурфајќи по интернет.

Ако притоа родителите се дополнително незадоволни со сопствената семејна ситуација или со социјалниот живот, ушпте почесто се приклонуваат кон дигиталната технологија, играњето игрички и слично.

Некои родители користат разна технологија за да се одморат малку од децата, дури и кога тие молат за нивното внимание. Во студијата се наведува дека директниот контакт и комуникацијата со детето треба да бидат во фокусот.

Научниците предлагаат да се одвои одредено време во текот на кое нема да се употребува технологија и им предлагаат на родителите дека е подобро да читаат весници во парк, отколку да се занимаваат со мобилниот, затоа што според нивните сознанија тоа помалку ги нарушува односите со децата отколку разговарањето или сурфањето по мобилен, пренесуваат медиумите.

[better-ads type='banner' banner='999' ]