Сузана Турунџиева: Љубовта некому доаѓа прерано, некому предоцна, или можеби никогаш

Бев многу затекната, неспремна и збунета од нивната одлука. Се борев со себе неколку ноќи, но после некое време добив спознание дека навистина животот сепак можеби чува и нешто добро за нас, вели познатата битолчанка за најавената свадба на својата ќерка Лора.

0
4565
После многуте трагедии кои се случија во животот на познатата битолчанка, пејачката, водителка и писателка, Сузана Турунџиева, деновиве таа се огласи во јавноста со среќна вест. Онаа за скорешната свадба на нејзината ќерка Лора.
„Како жена која многу рано се соочила со безброј животни неприлики, јас сум целосно подготвена да ѝ ја отворам вратата на среќата во нашиот живот. Доста беа солзи… Интуитивно верувам дека Филип (the great – како што го викам јас), е момчето кое ќе донесе светлина, насмевки и радост во нашиот дом.
Да, бев многу затекната, неспремна и збунета од нивната одлука. Се борев со себе неколку ноќи, но после некое време добив спознание дека навистина животот (иако забрзано) сепак можеби чува и нешто добро за нас. Познавајќи го многу добро момчето на Лора, среќна сум и ја поддржувам нивната одлука. Бидејќи во љубовта нема точно определено време. Таа некому доаѓа прерано, некому предоцна, или можеби никогаш…“, вели Сузана како одговор на нашето прашање дали, со оглед на тоа што Лора има само 18 години, оваа одлука на младите ја исплашила.
Што се однесува на подготовките за свадбата, вели, тие течат според нивниот план, желбите и можностите.
„И двајцата цврсто стојат на земја, и гледам дека најголемиот дел од нештата си ги завршија сами. Ќе имаат мала, традиционална свадба, во кругот на најблиските“.
Со оглед на тоа што почнувајќи од 2007.година кога го објави својот прв автобиографски роман „Куфер со соништа“, а потоа, од 2014.до 2016., за само три години ги објави следните, дури 9 книги, ја прашавме што е тоа што ѝ дава толку голема инспирација за пишување, тагата и болката, или среќата, и дали од овој среќен период ќе произлезе некое ново дело.
„Досега имам издадено 10 книги, кои се резултат на се што сум доживеала, прочитала, усвоила и научила во животот. Јас сум непоправлив истражувач по непознати области, без страв се втурнувам во бројни предизвици и токму така – непланирано, се втурнав и во пишувањето. Најчитани и најбарани се моите автобиографски книги, романот „Љубов и грев“, „Реставратор“ и „Среќометар“ – прирачникот за среќни луѓе. Во мојот компјутер ме чекаат уште 4 завршени книги, кои го чекаат своето време. Најголема сатисфакција ми се бројните читатели, кои имав среќа да ги запознаам за време на моите каравани на книгата секоја пролет и есен.
Оваа есен, освен промоција на Среќометар 2, ќе се реализираат и неколку концерти во одредени градови кадешто имам најбројна публика. Однапред им се радувам…“, вели Сузана која и покрај новите случувања во семејството, најде малку време за да ни одговори на прашањата.
[better-ads type='banner' banner='999' ]