Дигиталната технологија го репрограмира мозокот на децата

Социјалните мрежи и технологии имаат негативно  влијание врз менталната и емоционална зрелост на децата, предупредува неврологот Сузан Гринфилд

0
468

Социјалните мрежи и видео игрите доведуваат до тоа децата да не умеат меѓусебно да разговараат ниту пак да мислат со своја глава затоа што постојано бараат нешто да им го одвлекува вниманието.

Неврологот др.Сузан Гринфилд истакнува дека социјалните мрежи ги спречуваат децата да научат да размислуваат сами, заради што ментално остануваат на ниво на тригодишници.

„Мислам дека генерациите кои се изложени на тоа ќе останат на ниво на тригодишници: емоционално, по прашањето на преземање ризици, ќе имаат многу лоши социјални вештини, слаб сопствен идентитет и ништо нема да може да им го задржи вниманието“, предупредува таа.

Гринфилд која е инаку еден од истражувачите на Оксфорд, своето мислење го поткрепила и со студијата од 2014.година, која ја спровеле психолозите од Универзитетот во Вирџинија и од Харвард, која покажала дека студентите повеќе би сакале да бидат изложени на благ електричен шок отколку да останат десет минути сами, без нешто што би им го одвлекувало вниманието.

Таа вели дека оваа студија покажала дека на младите луѓе им е потребна „постојана стимулација од околината, во секој момент“, и тоа покажува дека тие веќе не се способни да бидат сами со своите мисли.

Тоа може да има посебно лоши ефекти врз децата, заради што др.Гринфилд им советува на родителите да ги поттикнуваат децата на некои активности – спорт или читање, на пример – за да се намали изложеноста на екраните и за да се стимулира фантазијата.

Експертот за дигитална детоксикација (тажно е што некој воопшто и мора да се занимава со тоа) Тања Гудин вели дека целосно се согласува со др.Гринфилд и истакнува какви се предностите на намаленото користење на електронските уреди помеѓу децата.

„Студијата спроведена на Универзитетот во Калифорнија докажала дека кога електронските уреди биле остранети од опкружувањето на децата на период од една недела, тие можеле подобро да ја разберат невербалната комуникација, во однос на групата деца која и натаму ги користела уредите“.

Гудин истакнува дека би требало да се има на ум колку е во животот важна способноста за разбирање на невербалниот јазик – за животот воопшто, во училиштето, на работа, во релациите, како и дека тоа би можело да го „запали алармот“ помеѓу родителите за да им го ограничат на децата користењето на уредите.

Инаку, пред четири години Гринфилд ја издала книгата Mind Change во која тврди дека дигиталната технологија го репрограмира мозокот на децата. Тука напишала дека децата кои прекумерно ги користат социјалните мрежи или играат игрички имаат поголем ризик да заболат од депресија, недостаток на самодоверба, а почесто развиваат и нарцисоидно пореметување на личноста.

[better-ads type='banner' banner='999' ]