Правила за доење на плус 30

На бебињата помлади од една година, не им годат ниту екстремно високи временски услови, како што се високи и ниски температури, ниту нагли промени на времето.

0
315

Кога живата во термометарот нагло ќе порасне бебињата стануваат раздразливи, нервозни и кенкави, често се будат, се бунат кога ќе им понудите да цицаат, а се бунат и ако не им понудите.

„Ништо чудно, ништо ново“, велат стручњаците и советуваат да се прилагодите кон ситуацијата.

Разладете се и себеси и бебето

Во деновите кога ви доаѓа да си ја извадите сопствената кожа од грбот затоа што не можете да ги поднесете жештините, сигурно нема да ви годи лепливо, испотено бебе залепено до вас, ниту пак на бебето ќе му годи вашата топлина. Ќе станете нервозни и вие и бебето, па не се чудете ако почне да одбива да цица. Затоа, ако сте во можност, врелите летни денови минувајте ги во дебела ладовина или во разладена просторија, важно е да најдете место кадешто нема да се препотувате и да црвенеете во лицето од топлина.

Тоа не значи дека треба да претерувате со разладување на просторијата, напротив!

Едно од решенијата, особено за време на ноќта, може да биде доењето во лежечка положба такашто телата што помалку ќе ви се допираат.

Носете лесна памучна облека

Во текот на летото, мајката треба да носи лесна, широка и памучна облека која нема да ѝ се лепи на телото, а на кожата ќе ѝ дозволи да дише, а на бебето освен пелена, доволно ќе му биде тенко боди без ракавчиња или маичка со куси ракави. Доколку сте принудени да го доите бебето надвор или во просторија која не е разладена, помеѓу вас во текот на доењето ставете тенка памучна ткаенина за да спречите дополнително загревање на телата. Исто така, важно е ниту мајката ниту бебето да немаат ниту едно парче облека кое ги стиска или ги затега затоа што тоа ќе им го одвлече вниманието од доењето.

Внесувајте доволно течности

За да има мајката доволно млеко таа мора да внесува доволно течности, особено кога температурите се високи и кога засилено се потиме. За да се спречи дехидратацијата која се препознава по раздразливоста, главоболката, сувите усни, чувствуваат жед и имаат урина потемна од вообичаената, секогаш носете со себе шишенце вода, а дома држете наполнета чаша на видно место за да се сетите дека треба да се напиете. За дополнување на течностите добри се и лубениците и друго овошје и зеленчук со висок процент на вода, домашни ладни чаеви и свежо цеден сок.

И не заборавајте на најважното: во текот на врелите летни денови нудете му на бебето да цица што почесто за да внесе и тоа доволно течности.

[better-ads type='banner' banner='999' ]