Педијатрите бараат итни реформи: Хемикалиите во храната сериозно му штетат на детското здравје

Од сериозни последици од внесувањето на хемикалиите од процесуирана храна во детскиот организам особено се нагласуваат дебелината, прераниот пубертет и пореметениот хормонален систем.

0
586

Хемикалиите што се додаваат во храната или во пакувањата на намирниците долгорочно му штетат на здравјето на децата, е заклучокот на Американската педијатриска академија. Станува збор за најголемо здружение кое го сочинуваат 67.000 специјалисти-педијатри и кое е посветено на истражувачка работа.

Насоките на Американската педијатриска академија ги следат и ги почитуваат педијатрите ширум светот.

Од сериозни последици од внесувањето на хемикалиите од процесуирана храна во детскиот организам особено се нагласуваат дебелината, прераниот пубертет и пореметениот хормонален систем.

Затоа од Агенцијата за храна и лекови бараат итни реформи во смисол на построга контрола на адитивите кои се користат во производството на храна, но и на оние кои се ставаат во пакувањата (повеќето пластични).

„Децата јадат повеќе храна по килограм тежина, од нас возрасните, па се поизложени на хемикалиите од храната. Нивните органи допрва се развиваат, па негативното влијание врз развојот може да има трајни и доживотни последици“, изјавил авторот на извештајот и истражувач на полето на здравствената заштита, Леонардо Трасанде.

Кои хемиски адитиви во храната и во пакувањата посебно ги загрижуваат педијатрите?

Бисфенолите, како адитивот BPA, кој се користи во производството на лименки. Во телото можат да се однесуваат како женски хормон естроген, па можат да предизвикаат преран пубертет, зголемување на телесната маса, намалена плодност, а негативно влијаат и на имунолошкиот и нервниот систем.

Фталатите се наоѓаат во пластичната амбалажа, а негативно влијаат на развојот на машките гениталии и предизвикуваат дебелина и болести на срцето.

Перфлуороалкил хемикалиите (PFC) се наоѓаат во пакувања кои не пропуштаат маснотии, а го намалуваат имунитетот, родилната тежина и негативно влијаат на плодноста.

Пеклорат се додава во пакувањата со сува храна со цел контролирање на статичкиот електрицитет, а влијае на работата на штитната жлезда и развојот на мозокот кај бебињата и малите деца.

Нитратите и нитритите кои се додаваат во храната со цел продолжување на рокот на важност, а посебно многу ги има во месните преработки, докажано ја реметат работата на штитната жлезда.

Што можат да направат родителите?

Американската педијатриска академија ги советува родителите како да ја избегнат изложеноста на децата на штетни хемикалии во храната и пакувањата:

– да бираат свежи намирници (или замрзнати)

– да користат стаклена амбалажа или онаа од нерѓосувачки челик за чување на храна

– да избегнуваат користење на пластична амбалажа во микробранова печка или во машина за миење садови

– да не користат пластична амбалажа со рециклажни ознаки 3, 6 или 7
– да избегнуваат хранење деца со месни преработки и процесуирани производи (паштети, кренвишли, нарезоци…)
– добро да го мијат сето овошје и зеленчук кои не можат да се излупат.

[better-ads type='banner' banner='999' ]