Болест од гребаница од мачка

Причина за болеста е бактеријата bartonella henslae, која се наоѓа под ноктите на мачките и кај мачките не предизвикува никакви тегоби.

0
902

Оваа болест е бактериска инфекција до која доаѓа како последица од гребаница од мачка. Причина за болеста е бактеријата bartonella henslae, која се наоѓа под ноктите на мачките и кај мачките не предизвикува никакви тегоби. Ретко до болест доаѓа и по каснување на мачка. Овие бактерии се присутни во сите делови од светот, а почести се во текот на есен и зима.

Неколку дена (3 до 10 дена) по гребаницата од мачка се појавува оток или црвено обоена папула која може да се замени со убод од инсект. Најчесто се наоѓа на рацете или нозете, поретко на главата. Во наредните 1-4 недели може да дојде до зголемување на лимфните јазли во близина на изгребаното место  кога лимфниот јазол или група од лимфни јазли ќе натечат и ќе станат болни и чувствителни. На пример, доколку е гребаницата на рака, доаѓа до зголемување на лимфните јазли на лактот или пазувот на истата рака. Тие можат да бидат зголемени над 2 цм, отечени, болни и топли при допир. Кај повеќето деца главниот симптом е токму зголемувањето на лимфните јазли кое ги загрижува родителите, кои не ја ни забележуваат гребаницата како причина.

Ова е една од честите причини на лимфаденопатија (зголемување на лимфните јазли). Болеста е главно блага, а освен зголемување на реггионалните лимфни јазли, детето може да има и зголемена температура, слабост, губиток на апетитот, главоболка и понекогаш можат да се исфрлат.

Како превенција се советува избегнување контакт со непознати мачки, а ако сепак дојде до гребаница, испирање на раната со вода, благ сапун и дезинфекциско средство.

За да зарасне раната обично се потребни околу 3 недели што зависи од длабочината на раната, а лимфните јазли можат да останат зголемени и 2-4 месеци, некогаш и подолго, што создава голема грижа кај родителите, а некогаш пак, доколку тегобите биле благи, се заборава на гребаницата.

Во повеќето случаи не е потребна терапија, евентуално локално антибиотска маст на местото на гребаницата. Доколку зголемувањето на лимфните јазли трае подолго, понекогаш се потребни и системски антибиотици. На лекар треба да се оди доколку раната од мачка се инфицира, доколку е длабока, доколку црвенилото се шири и не зараснува невообичаено долго, како и доколку се појават лимфни јазли.

Болеста од гребаница на мачка е нешто што треба да се има на ум ако дојде до зголемување на лимфните јазли, затоа што е тоа состојба која предизвикува голема грижа и паника кај родителите а знаењето дека е ова една блага болест со добра прогноза, доколку детето претходно било во контакт со мачка, може да ги смири родителите кои секогаш во вакви ситуации прво помислуваат на некоја „страшна“ болест.

[better-ads type='banner' banner='999' ]