Како на бебето да му биде пријатно за време на жештините

Бебето би требало да спие во просторија во која температурата е помеѓу 16 – 20 C, но кога е надвор многу жешко потребно е да преземете посебни мерки за да не му биде на бебето жешко додека спие.

0
242

Стручњаците велат дека не е препорачливо да се вклучува климата во просторијата во која бебето спие и никако не треба да се изложува на ладниот воздух од клима-уредот. Во текот на потоплите денови задолжително внимавајте како ќе го облечете бебето кога го ставате да спие. Еве неколку важни совети.

Бебето облечете го во зависност од тоа колку е топло надвор. На прво место, извадете ја од креветчето на бебето сета непотребна постелнина.

Ако бебето има на себе пелена и памучна бенкица, ќе биде довочно да спие на чаршаф без прекривка и тоа ако е температурата околу 24 степени.

Ако и натаму мислите дека е премногу топло, слободно оставете го бебето да спие само во пелена.

Извадете ги од креветчето сите кадифени играчки за да може воздухот да циркулира и да не биде загушливо. Во некои простории од станот отворете ги прозорците такашто ќе допира воздух и до собата во која спие бебето.

Пред да го ставите бебето на спиење, обидете се да ја разладите собата со вентилатор и не дозволувајте да дува директно кон бебето и секогаш ставајте го што подалеку од креветчето. Кога се ноќите многу врели, натопете неколку пешкири и наредете ги врз столиците и прозорците во детската соба. Како што ќе се сушат така ќе го разладуваат и воздухот.

Задолжително извадете ги и мушамите од креветчето затоа што со нив на бебето ќе му биде уште потопло. Во текот на денот спуштете ги ролетните и навлечете ги завесите за да не допира сончевата светлина. Ако бебето заспие во количка, често проверувајте го затоа што количката лесно се загрева и на бебето може да му стане задушливо. Во лето никако не го оставајте бебето да спие во автомобил во своето седиште, дури ни на кратко и дури и ако е прозорецот отворен.

[better-ads type='banner' banner='999' ]