Старомодното повивање, рецепт за смирување и подобар сон на бебето

Оваа древна техника на повивање од која родителите кои пораснале со неа се згрозуваа, сега е повторно популарна кај новата генерација родители

0
1008

Swaddling, како што ја нарекуваат оваа техника на англиски, подразбира повивање на немирните, престимулирани бебиња за да им се продолжи времето на спиење. Повивањето на бебињата во ткаенина за да им се ограничат движењата на рацете и нозете е познато од дамнина и им овозможува на бебињата да се чувствуваат мирно и безбедно како во мајчиниот стомак. Иако многумина веруваат дека на тој начин бебето се чувствува стеснето, сепак е тоа имитирање на условите на кои бебето навикнало во матката.

Претходните две генерации родители во нашиве краишта се згрозуваа на овој начин на повивање, но очигледно сѐ, па и ова, кога доаѓа како тренд однадвор, станува тренд и кај нас.

Стручњаците од сајтот BabyCenter.com препорачуваат новороденчето да се постави врз ќебенце или друга еластична памучна ткаенина во облик на квадрат на рамна подлога, а гормиот врв да се свитка. Вратот на бебето треба да биде положен на свитканиот горен раб на ќебенцето.

Најлесно е фа се почне од левата страна и десното раче на бебето да се испружи и да се завитка така за да биде од страна покрај телото. Левиот агол се префрла преку рамото и цврсто се подвлекува под телото. Потоа треба да се испружи левото раче на бебето и долниот дел од ќебето да се префрли преку десното рамо, додека остатокот од ткаенината се спушта до градите на бебето и држејќи ја ткаенината на градите треба да се префрли задниот агол преку телото на бебето. Крајот од добиениот ремен закачете го за предниот дел или заврзете го како ремен ако е доволно голем.

Ова е еден од неколку начини на повивање за кои на интернет денеска постојат мноштво видеа кои можат да ви помогнат. Или, ако имате некој повозрасен член во семејството, баба или прабаба која така ги повиткувала своите деца, прашајте ја да ви покаже.

Секако, треба да имате предвид дека пред да го повиете бебето, мора да го нахраните и да го пресоблечете во суви пелени. Повивањето треба да е доволно цврсто за да не се одвитка, но истовремено треба да има и доволно место за ноџињата, односно, за да може слободно да се движи со колковите. Повивањето на овој начин може да помогне и во борбата со грчевите, но водете сметка да не е претопло. Ако после повивањето бебето покажува знаци на отпор и незадоволство – откажете се од повивање затоа што сепак, секое бебе е поинакво и му годат различни работи.

[better-ads type='banner' banner='999' ]