Наградна игра на Мајка и дете и Литература.мк, одговорете точно и добијте книга!

Оваа недела ја промовираме книгата „За мачките, за нотите и за бубачките“ од Јасминка Петровиќ

0
157

Порталот наменет за родители Мајка и дете во соработка со  „Литература.мк“ (http://literatura.mk) ви предлага листа со пет книги за деца за ова лето.

Станува збор за поучни и забавни приказни, не само за децата, туку и за родителите. Книги во кои ќе ужива целото семејство.

Секоја недела доделуваме по една книга за деца. Сѐ што треба да направите е да ја следите „Фејсбук“ страницата на „Мајка и дете“ (https://www.facebook.com/Majka-i-dete-298560416859647/ и да одговорите точно на наградното прашање поврзано со книгата на неделата. Тој што прв ќе одговори ќе биде награден со книга, која ќе може да ја подигне во книжарницата на „Литература.мк“ на улица Македонија, во Скопје.

Оваа недела ја промовираме книгата „За мачките, за нотите и за бубачките“ од Јасминка Петровиќ.

Една од најпоучните книги за проблемите на децата во модерното општество и инклузија на децата со посебни потреби. Ако ѕирнеш низ трите прозорци, ќе дознаеш зошто Маја е тажна, на што се радува Ѕвезда и од што се плаши Милан. Пред тебе ќе се отвори нова галаксија и Стара планина.

Ќе откриеш како звучи еден бибер-акорд и зошто во некои соби секогаш е мрак. Ќе се зборува за мачките, нотите, бубачките и радосните моменти. Дали некогаш сте помислиле дека животинчето на соседите или, пак, бабичката од првиот кат дека е вонземјанин?

Не сте единствени. И Маја се чувствува така. Ете, веќе толку време се труди да се објасни со мајка си дека баба Цена и нејзината мачка се вонземјани. Ама навистина, па која обична мачка има зелена боја?! На ѕвезденото девојче Ѕвезда најголема радост ѝ е деноноќната дружба со клавирот. Мајка ѝ ја убедува да се одмори, да оди надвор и да си поигра со другите деца, но на Ѕвезда воопшто не ѝ е товар посветеноста на музиката. Но, набрзо се случува пресврт, кога во соседната зграда се вселуваат две интересни сестрички – новите другарки.

Наградното прашање за оваа недела е:

Наброј барем уште една книга од писателката Јасминка Петровиќ. 

[better-ads type='banner' banner='999' ]